Некој од внатре одработува едно страшно сценарио насочено против Република Македонија и нејзиниот Уставен поредок. Намерата е многу јасна, кога не делеле – веднаш ни давале некое залче за да не залажат. За да многу брзо пристапат кон уставни промени кои ќе доведат до редефинирање на нашата држава.Ова на вечерашниот протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го истакна археологот Иван Станчевски.
Вели дека луѓето кои се стручни и кои се бават со македонската историја се против редефинирање на Македонија.
-Ние луѓето кои се бавиме токму со таа историја, која многу не сакаат да ја признаат и од надвор, но и од внатре, одлучно кажуваме „НЕ“ против билингвалноста на целата територија и „НЕ“ за бинационална држава за сметка на мајонизирање на останатите националности. Ние сме тука на браникот на црвено-жолтата линија за борба за Заедничка Македонија. Ќе останеме верни на принципите на нашите илинденци, Гоце, Јане, Тошев и Петров и стотици илјади паднати борци за да го зачуваме она што денес го имаме, слободна и независна Македонија, истакна Станчевски.
Потенцира дека билингвалниот карактер на целата територија на Маќедонија и бинационален карактер со фаворизирање само на еден втор конституиран елемент воведува кон менување на симболите на Република Македонија, односно знамето, химната и грбот.
Станчевски истакна и дека Македонија во Европската Унија и НАТО ќе влезе таква каква што е денес.
-Ние сме„ЗА“ заедничкиот пат кон Европа, но со македонско име и македонски пасош. Во НАТО само со македонски униформи и под ова исто знаме, подвлече археологот.
Тој порача дека граѓаните нема да дозволат да се направи таа грешка, да се прифати Тиранската платформа.Ова на вечерашниот протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го истакна археологот Иван Станчевски.