Кредитната агенција Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ- со стабилен изглед.Од кредитната агенција наведуваат дека како и во октомврискиот извештај, рејтингот го базираат на добрите економски перформанси на македонската економија, но и на политичката криза која кулминира.
Стандард и Пурс оценуваат дека во економијата има позитивни трендови и покрај политичката криза, и нивните економски проекции се позитивни. Од Агенцијата очекуваат невработеноста да продолжи да се намалува во континуитет од година во година и во 2020 да се сведе на 21,5 отсто. Согласно нивните проекции инвестициите и извозот ќе продолжат да растат и на среден рок.
Стандард и Пурс пишуваат дека слободните економски зони ќе бидат генератор на економскиот раст, особено преку синергијата од соработката со локалните компании и добавувачи.
Како што наведуваат од рејтинг агенцијата, буџетскиот дефицит од 2,8 проценти во 2016 година е низок, а земјата спроведува фискална консолидација со која дефицитот ќе се сведе на 2,2 проценти до 2019 година.
Стандард и Пурс посочуваат дека државниот долг иако е пораснат, може да се квалификува како низок во споредба со земјите со ист кредитен рејтинг.
За банкарскиот сектор од Агенцијата наведуваат дека е добро капитализиран и профитабилен и главно е финансиран од домашни депозити.
Како најголема закана за македонската економија, Стандард и Пурс ја гледа политичката криза. Во извештајот пишува дека политичката ситуација станала уште покомплицирана по спроведувањето на изборите во декември 2016. Според нивното видување, и да се формира влада, таа нема да биде стабилна и нема да може да биде носител на реформски процеси и кризата нема да се разреши.
Како Стандард и Пурс, во февруари годинава и кредитната агенција Фич го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, наведувајќи дека согласно економските перформанси, земјата заслужува повисок рејтинг од сегашниот, но поради политичката криза не можат да дадат повисок рејтинг.Од кредитната агенција наведуваат дека како и во октомврискиот извештај, рејтингот го базираат на д