Бонитетната агенција Standard&Poor's објави дека очекува тужба од американската влада поради рејтингот кој пред финансиската криза им го доделувала на вредносните хартии втемелени на хипотекарните кредити.
Тужбата ќе се фокусира на високите рејтинзи кои агенцијата во 2007 година им ги доделила на одделни хартии од вредност, чија вредност подоцна беше урната.
Од S&P нагласуваат дека тужбата е „целосно неоснована“.Портпаролката на американското министерство за правда не сакаше да го коментира ова известување, но медиумите наведуваат дека тужбата, во која наводно ќе учествуваат и владите на американските сојузни држави, би можела да биде подигната во текот на неделата. Доколку се потврди најавата, тоа ќе биде прва тужба покрената против некоја рејтинг агенција поради наводни погрешки кои придонесоа за избивање на финансиската криза.
Maкфакс
Бонитетната агенција Standard&Poor's објави дека очекува тужба од американската влада поради рејтингот кој