Голманот на српската ракометна репрезентација Дарко Станиќ, им ја честиташе одличната игра на македонските ракометари, а посебно на Дејан Манасков.Ракометниот натпревар помеѓу Македонија и Србија заврши со реми (27:27), а изедначувачкиот погодок го постигна Манасков и ја спаси Македонија од испаѓање.
Македонските ракометари вложија сѐ од себе за да се изборат за пласман во наредната фаза од ЕП 2016 во Полска и трудот им се исплатеше на крај.
По завршувањето на натпреварот се огласи српскиот голман Дарко Станиќ кој им беше голема пречка на нашите ракометари во натпреварот:
-Секоја му чест како го заврши последниот удар, јас очекував некој полуциден удар, некоја „завртаљка”, но тој се реши да шутира во поблискиот агол. Тој е цар! Тој ја направи разликата денеска, тој нѐ надигра сите. Многу честитки уште еднаш, сега им посакувам многу среќа во наредната рунда, рече поранешниот голман на Металург.Ракометниот натпревар помеѓу Македонија и Србија заврши со реми (27:27), а изедначувачкиот погодок го постигна Манасков и ја спаси Македонија од ис