СТАПИЦА: Вака падна познат хрватски макро кој подведувал малолетни девојки!

Со полициската акција „Мрежа“ во која досега се уапсени девет макроа од кои четири се дами и кои се доведуваат во врска со 79 казнени дела за проституција и пет подведувања на деца, повторно се покренуваа прашањето за користењето на социјалните мрежи.Фејсбук стана место за оформување пријателства и нудење на работа, во која, доколку се суди според спроведената истрага, двајцата млади макроа, 23-годишниот Д.Т и 19-годишната Д.Ц од југот на Хрватска, подведувале повеќе девојки од кои најмалку три биле малолетни.
Токму поради подведувањето на малолетните лица, на Д.Т му се заканува казна до десет години затвор, додека за организација и нудење на сексуални услуги би можел да добие и до пет години затвор.Сè започнало на почетокот на октомври 2013 година, кога Д.Т отворил неколку профили на Фејсбук со цел да заработи. „Агенција Мија“, „Агенција Лео Лакжери“, „Агенција Загреб, „Агенција Ејнџел“…се само дел од корисничките профили преку кои Д.Т контактирал со непознати девојки. Покрај социјалните мрежи, младиот макро се рекламирал и во „Огласник“. Неговата партнерка од Далмација ги примала повиците од корисниците и ги договарала услугите, организацијата, цената…

Многу си убава и атрактивна. Дали си заинтересирана за соработка?„Здраво, јас сум од Агенција Мија која се занимава со фотографирање на млади девојки. Дали си заинтересирана за заработка? Многу си убава и атрактивна. Може да се најдеме во кафуле, па сѐ подетално ќе ти објаснам“, е дел од пораката која Д.Т ја пратил на една 17-годишна кон средината на октомври 2013 година, на која на средбата во живо ѝ објаснил дека заработката се базира на сексуални односи и дека тој веќе за сѐ се договорил со клиентите.Со желба да заработи преку убавата девојка на која ѝ ветувал и до 3.500 евра месечно, Д.Т со мобилен телефон ја фотографирал нејзината лична карта и ѝ објаснил дека работата ќе ја врши во една куќа во улицата Хајнзел. Во наредните два дена, на малолетното девојче му биле праќани клиенти додека престојувало во куќата, но поради страв од непознатите луѓе таа не ја отворала вратата. Агонијата за неа се претворила во очај, бидејќи Д.Т преку Фејсбук ѝ наредил да му ги донесе заработените пари.„Ако не ми пратиш пари, ќе им кажам на сите што работиш! Запомни, знам каде живееш и каде учиш”, се заканил тој.
Најскапо ги чинеле девојките кои ја одбиле понудатаПодведувајќи други девојки, Д.Т им се претставувал како Виктор, односно Лео од агенција која нуди услуги за дружење со ситуирани мажи. Гарантираната дискреција и заштита во замена за секс ја проценувал на 3.100 до 4.000 евра.Кон почетокот на оваа година, една од девојките ја прифатила понудата. Со вкупно шесте секс-акции, за кои за половина час наплаќала 40 евра, а за еден час 50 евра – му дала 200 евра од заработката на младиот макро.Осомничениот знаел за сите девојки дека се малолетни, но не се откажувал од лесниот начин на заработка. Најскапо го чинеле две девојки кои ја одбиле неговата понуда.„Благодарам, но јас имам 17 години и не ја прифаќам понудата“, одговорила една од девојките, која непристојната понуда ја пријавила во полиција.Фејсбук стана место за оформување пријателства и нудење на работа, во која, доколку се суди според спроведената истрага, двајцата млади макроа, 23-

Пронајдете не на следниве мрежи: