Сезонски прилагодена стапка на невработеноста во еврозоната достигна во јануари ново рекордно ниво, а невработеноста е зголемена и во 27-члената Европска унија, објави во петокот Eurostat.
Стапката на невработеност во еврозоната во јануари порасна на 11,9 отсто, од 11,8 отсто колку што изнесуваше во декември. Во ЕУ невработеноста достигна 10,8 отсто, благо покачувајќи се од 10,7 отсто.Без работа во Европската унија во јануари биле 26,217 милиони лица, од што 18,998 милиони се во еврозоната. Тоа значи дека бројот на невработени се зголемил на 222.000 во однос на претходниот месец во ЕУ, односно за 201.000 во еврозоната.На годишно ниво бројот на невработените е зголемен за 1,890 милиони во ЕУ, односно за 1,909 милиони во еврозоната.Меѓу државите членки на ЕУ, најниска стапка на невработеност има во Австрија (4,9 отсто), Германија и Луксембург (5,3 отсто) и Холандија (6 отсто), додека највисока стапка на невработеност е забележана во Грција (27 отсто), Шпанија (26,2 отсто) и Португалија (17,6 отсто).
Макфакс
Сезонски прилагодена стапка на невработеноста во еврозоната достигна во јануари ново рекордно