Доколку барате едноставен рецепт за совршено меки кифлички, веројатно се наоѓате на вистинското место!Ви претставуваме стар рецепт за домашни кифлички!
Состојки:
1 кг брашно
40 г квасец
8 дл млеко
Подготовка:
Количеството на брашно кое ви е потребно ќе го одредите според потребите. Една коцка квасец и пола лажичка шеќер прелијте со топло млеко. Откако квасецот ќе стаса, смесата излејте ја во веќе издвоеното брашно и додадете прстофат сол. Замесете тесто.
Се остава тестото на топло околу два часа и потоа уште еднаш измесете го со тоа што на даската на која ќе го развлекувате ќе додадете уште малку брашно. Треба да добиете изедначено тесто, ниту премеко ниту претврдо. Тестото развлечете го до дебелина на прст, со нож исечете триаголници и ролајте ги од поширокиот крај на триаголникот кон потесниот.
Во сад за печење ставете масло и ставете ги кифличките. Печете ги околу половина час на 180 степени. Пред печењето премачкајте ги со јајце и по желба врз нив ставете сусам, ким и сл.
Вака подготвените кифлички можат да траат и до два-три дена.
Наздравје!Ви претставуваме стар рецепт за домашни кифлички!
Состојки:
1 кг брашно
40 г квасец
8 дл млеко