Стара електрична инсталација е причина за пожарот во кој во петокот изгореа пет куќи во сокачето „Нико Нестор“ во центарот на Струга.Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски потврди дека по спроведената истрага и податоците од терен, првичните информации говорат дека пожарот настанал од дотраената инсталација во една од старите куќи. Штетата, додаде тој, дополнително ќе се утврдува.
Командирот на Територијалната противпожарна единица во Струга Минир Мамуди тврди дека не постои опасност за повторно реактвирање на огнот и оти нивни екипи вршат патролни обиколки по барање на граѓаните, пренесува МИА.
– Нашата работа е успешно завршена. Доаѓат луѓе од населбата да ни заблагодарат за интервенцијата со која спречивме поголема катастрофа, изјави Мамуди.
Во пожарот целосно изгореа три стари куќи во кои никој не живеел, а опожарени се кровните конструкции на уште две каде живеат луѓе, кои навреме биле извадени.
Во гасењето учествуваа екипи на Територијалната пожарна единица во Струга, нивни колеги од Охрид, Јавното комунално претпријатие „Проаква“ од Струга и локалното население.
Гасењето одеше отежнато поради тесните улички и збиената архитектура, но и од несовесно паркираните автомобили.Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски потврди дека по спроведената истрага и податоците од терен, првичните информации говорат дека пожарот наста