Стари народни верувања: Што не смеете да правите во петок?

Петок  е ден за кој  е поврзано  можеби најголемото  верување, поготово  што  долго  се сметало  за „баксузно“.Во петок  никако  не смеете да се чешлате бидејќи  се верува дека од тоа боли глава и  дека косата побрзо ќе ви поседи.
Често  можат  да се  чујат   мислења на домаќинки  дека во петок не се перат  алишта, ниту  пак да се извршуваат   други  домашни обврски. Некој  дури и  не се капе во петок или не сече нокти.
Се  верува дека  во петок   сите  работи  треба да се завршат, а никако  да не се почнуваат  нови.
Уште  една работа никако  не смеете да   ја правите во  петок  доколку  сакате да имате пари! Се верува дека во петок никако не смеете да позајмувате пари, ниту пак  да враќате  долгови.
Во  одредени  домаќинства важи  правило  дека во  петок не смее да  се  дава ништо  од домот, а поготово  не прехрамбени  намирници  од животинско потекло. Оној кој  ќе го прекрши  правилото, па ќе му  позајми некому млеко, се верува дека волци ќе им ја подави стоката.
Старите избегнувале да патуваат во петок.
Интересно  е  тоа што многумина имаат  посебни називи   за одреден петок во  годината. Првиот петок по месечевата мена се вика млад петок.
На млад петок жените и  девојките ништо  не работат од „женските работи“  а причината е главоболка.Во петок  никако  не смеете да се чешлате бидејќи  се верува дека од тоа боли глава и  дека косата побрзо ќе ви поседи.

Пронајдете не на следниве мрежи: