СТАРИНСКА ПОСНА САРМА – Нема подобар рецепт од ОВОЈ, за вашата слава!

Оваа сарма е без месо, со многу кромид и праз и се прави само во рерна. Сезона е на косела зелка, па ајде да навалиме!Состојки:
1 кисела зелка 
4 главици кромид
2 стапчиња праз
3 мали шолји ориз
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка крупна лута или слатка пиперка
сол, бибер, ловоров лист, масло
Начин на подготовка:
На масло го пропржуваме сечканиот кромид и праз, го додаваме измиениот ориз и пржиме на средна температура додека оризот не добие стаклен сјај. Додаваме сол, црн бибер, слатка мелена пиперка и лута толчена пиперка (кој не сака луто, може само слатка).
Погледнете при што се помага киселата зелка на следниот ЛИНК.
На дното на садот во кој ќе ја печеме сармата ставаме малку масло, и ситно сецкан средишен дел од зелката, па врз него ги редиме сармите. Подобро е кога се помали па затоа листовите исечете ги на помали делови и ставете по една лажичка од подготвениот фил. Над сармичките ставете 3-4 ловорови листови и покријте со листови од зелката одозгора, за сармите да останат посочни….

 
На крајот прелијте со топла вода (околу 2 прста над сармите), ставите малку масло и покријте ја тавата со капак.
Се пече во рерна на 180 степени целзиусови околу 3 ипол до 4 часа. Решетката од рерната притоа, поставете ја подолу од средината.
Совет:
Што повеќе кромид и праз, дури и ако сармата е со месо, таа ќе биде повкусна. Добро е садот за печење да е повисок, за да не претекува. Ако е посна, не штедете на масло и што повеќе се пече тоа подобро. Нормално температурата не треба да биде силна туку умерена „да крчка на тивко“Состојки:
1 кисела зелка 
4 главици кромид
2 стапчиња праз
3 мали шолји ориз
1 лажичка црвен пипер

Пронајдете не на следниве мрежи: