Старите мобилни можат да се продадат и за 1000 евра

Дали се сеќавате на времето кога „Змијата“ на вашата Nokiа беше се што ви е потребно за да се „убие“ досадата? Сега ретро телефоните се враќаат на „голема врата“, затоа што корисниците очигледно копнеат за едноставна техника.Побарувачката за стари телефони е толкава, така што некои модели на „Nokia“, „Ericsson“ и „Motorola“ сега достигнуваат цена и до 1.000 евра за примерок.
Иако им недостасуваат современите предности, овие ретро телефони се едноставни за употреба, имаат батерии кои траат и по цела недела и практично се неуништиви во споредба со „смарт“ конкуренцијата.
„Некои луѓе без размислување одвојуваат и по 1.000 евра за стар модел. Високите цени се последица на тоа што такви модели тешко може да се најдат“, вели Џасем Хадад, основачот на интернет страната „vintagemobile.fr“.
На пример, „Nokia 88000 Arte Gold“ моментално се продава по цена од 1.000 евра на неговата интернет страна, додека цената на „Nokia 88000“ достигнува и 250 евра.

 

Во текот на последните две-три години неговата компанија продала околу 10.000 телефони, а најмногу на почетокот на 2013-та.
Меѓу најпродаваните модели е „Nokia 8210“ со мал екран и пластични копчиња кој чини 59,99 евра.
„Постарите луѓе бараат едноставни телефони, додека на другите им е важно да имаат нешто евтино“, изјави Хадад.
Иронично, трендот е во пораст токму во време кога индустријата повикува за рециклирање на овие уреди, а смартфоните стануваат се понапредни.
Исто така, еден дел од луѓето се свртуваат кон овие модели, бидејќи тие се преплавени од средствата за комуникации.Побарувачката за стари телефони е толкава, така што некои модели на „Nokia“, „Ericsson“ и „Motorola“ сега дости

Пронајдете не на следниве мрежи: