Прастар обичај на колективен друштвен секс бил и карактеристичен за одредени прилики и се одвивал како ритуал. Постоел кај балканските народи, а се јавува и кај Словените.Лесно е да се обвини младата генерација за неморално однесување. Често ќе чуете како пречесто ги менуваат партнерите и како нивното сексуално однесување не е нормално. Иако рекордот за оргијање е постигнат во Кина 2015 година, кога 500 жени и мажи имале групен секс, оргии имало и милениуми порано. Во некои заедници тоа било ритуал, а не само начин за уживање.
Оргијата како поим доаѓа од старогрчкиот јазик и означува тајно обожавање. Кога настанал преставувал само поим кој означува ноќни молитви и оддавање почит кон боговите Дионис и Орфеј. Во почетокот тоа биле гозби само со храна, музика и пиење, а со текот на времето и сексуалните игри станале составен дел. Подоцна тоа го превземале и Римјаните и правеле слични гозби во чест на боговите Сатурн и Бахус.
Константин Велики во 313 година преде новата ера ги укинува оргиите, но тие останале синоним за срамно сексуално однесување.
На територијата на Балканот оргии се јавувале на подрачјето околу денешно Врање. Биле практикувани во патријахални рурални заедници околу врањска Пчиња. Тие во себе носат елементи на ритуален секс наследен од тракиските племиња и навики на словенските заедници, племиња и народи од минатото.
Во време на свадбени веселби, додека во потполност не се обликувал свадбениот ритуал, во свадбена екстаза и ритуал, не се водело сметка кој со кого сексуално општи. Тоа всушност биле свадбени оргии, во кои се барала љубовна власт од страна на мажите, со најмладите девојки.
Со појавата на хипи движењата, нивните борби за сексуална слобода и залагање за слободна љубов, оргиите од 60-те и 70-те повторно стануваат дел од една култура.
Денес оргиите претставуваат исполнување на сексуални побуди, а како ритуали постојат само во некои племиња.Лесно е да се обвини младата генерација за неморално однесување. Често ќе чуете како пречесто ги менуваат партнерите и како нивно