Со инвестиции во износ од 50 милиони евра, обезбедени со кредит од ЕБОР, МЖ Транспорт ќе го обнови возниот парк, со товарни вагони, патнички возови и рехабилитација на локомотивите.Македонската Железница до крајот на јули годинава треба да ги добие првите 75 нови товарни вагони,кои ќе бидат обезбедени со пари од Европската банка за обнова и развој.
Во насока на подобрување на железничкиот превоз Владата минатата година го склучи договорот за набавка на 150 нови товарни вагони, од кои 75 затворени наменети за превоз на растресита стока како руда и јаглен и 75 плато вагони, кои се од современ тип за превоз на контејнери, производи од метална индустрија…. Инвестицијата на товарните вагони, изнесува 13,2 милиони евра.
МЖ „Транспорт“ располага со вкупно 950 товарни вагони во возна состојба, а особено значајно, според раководството, е набавката на новите плато вагони на кои ќе може да се стават големи контејнери и ќе се зголемат капацитетите на претпријатието.
Во меѓувреме во тек е и набавката на шест нови железнички гарнитури за превоз на околу 1.200 патници. Инвестицијата е околу 24 милиони евра, а според последните информации на некои медиуми, две компании, швајцарска и кинеска, се во трка за набавка на четири дизел и две електрични композиции за патнички сообраќај.
Според тендерот, гарнитурите треба да ги исполнуваат највисоките европски безбедносни и технички стандарди, да бидат целосно климатизирани и енергетски ефикасни. Секоја гарнитурите ќе има капацитет од по 200 патници со што би се покриле 60% од моменталните линии на МЖ Транспорт, додека за останатите 40% ќе продолжат да се користат неодамна репарираните 10 класични патнички вагони и две дизел гарнитури.
Годинава, според најавите на МЖ Транспорт треба да започне и проект за рехабилитација на осум електрични локомотиви со што ќе се подобрат капацитетите на товарниот транспорт. На почетокот на идната година пак, сите рехабилитирани локомотиви ќе се вклучат во сообраќај.
Извор:republika.mkМакедонската Железница до крајот на јули годинава треба да ги добие првите 75 нови товарни вагони,кои ќе бидат обезбедени со пари од Европската бан