Стартап Истанбул- Сретнете се со инвеститори од 500 Startups, Y Combinator, Tech Stars

Со почетокот на месец Октомври, стартува и најголемиот стартап  настан во Југоисточна Европа.  Стартап Истанбул е еден од водечките стартап настани, кој на едно место успева да ги собере најдобрите  основачи, инвеститори и менаџери од регионот, а оваа година се одржува  од 3ти до 5ти Октомври.Настанот е ексклузивен собир на водечките стартап, интернет компании, ангел инвеститори и Venture Capitalists фондови  од Европа и Азија. Секоја година повеќе од 100 стартапи, 200 инвеститори и  1500 присутни  доаѓаат во Истанбул за да бидат дел од овој настан.
Некои од нив тука ги остваруваат нивните соништа: Минатогодишниот победник на Стартап Истанбул предизвикот –платформата за коресподенција connected2.me доби инвестиција од 432 000$  500 Strartups  и проектот продолжи да се развива во  Силиконската долина. Би сакале да видиме оваа година некој македонски стартап да биде меѓу оние кои успешно ќе поминат на овој настан. Затоа, сите заинтересирани субјекти, без разлика дали тие се стартап или само посетители, може да се регистрираат додека сеуште има слободни места.
Како дел од настанот ќе има и стартап натпревар на кој  100 стартапи ќе можат да се претстават пред  инвеститорите, а на конференцијата дел од говорници кои ќе може да ги видиме се Мортен Лунд, инвеститор во Skype, Роналд Ханс, коосновач на Wetransfer, Дејв МекКлур, основач на 500 стартап акцелератор, и многу други.
Овој настан е создаден за вмрежување. Секој човек што ќе го сретнете може да ви даде инспиративна идеја, вредни совети и можности за соработка. Тука можете да се сретнете со  вашиот инвеститор, вашиот ментор или да го најдете вистинскиот стартап каде би можеле да се приклучите или да инвестирате. Единственото нешто што ви е потребно е енергија и страст за претприемништвото. Брзото вмрежување (Speed Networking) е најдобриот начин да се сретнете со инспиративна мешавина на стартап основачи, претприемачи, менаџери и инвеститори, кои доаѓаат од 40 различни земји.
Стартап Турција и Стартап Истанбул настаните се организирани од страна на Etohum. Некои од инвеститорите и компании кои присуствувале на овие настани претходните години се: MasterCard, PayPal, Intel Capital, Google Ventures, 500 Startups, Accel Partners, and Simile Ventures.Настанот е ексклузивен собир на водечките стартап, интернет компании, ангел инвеститори и Venture Capitalists фондови  од Европа и А

Пронајдете не на следниве мрежи: