Стартапот Cylindo добива $600K инвестиција и се подготвува за понатамошна експанзија во Битола

Водечки производители и трговци од целиот свет ја користат иновативната 3D технологија на Cylindo за да визуелизираат производи и да ја подобрат продажбатаПроизводителите и трговците постојано се во потрага на иновативни решенија за графичко претставување на своите конфигурации и продукти, за што поленсно претворање на разгледувачите во купувачи. Cylindo – динамична и напредна платформа за визуелизација, денеска најави дополнително финнсирање од $600K. Како инвеститори овој пат се јавуваат Commerce Ventures, Scale Capital и водечки ангел инвеститори од Силиконската Долина. Средствата ќе се користат за натамошен развој на американскиот пазар и за експанзија на тимот во Битола.
„Cylindo ја разорува класичната трговија со својата повеќеслојна технологија и кориснички-ориентираниот пристап, и веруваме дека тимот поставува нови стандарди кај решенијата за визуелизација на продукти кои доспеваат многу подалеку од индустријата за мебел“, вели Lars Jensen, партнер во Scale Capital. „Инвестиравме во Cylindo бидејќи е вистинскиот тим и вистинската технологија во вистинско време – им ја овозможува на трговците и online продавачите иновацијата која ја бараат за да ја придвижат продажбата.“

Зајакнување на над 3500 продавници и сајтови
Cylindo е веќе доминантен на пазарот во Скандинавија, привлекувајќи голем дел од врвните производители и трговци на мебел со својата иновативна технологија. Steelcase, Famsa, Bohus и Interior Define се само дел од над 3500 продавници и ecommerce сајтови кои ја користат 3D графиката во 360 степени на Cylindo за да ги зајакнат нивните визуелни платформи, со тоа менувајќи го начинот на кој корисниците ги искусуваат нивните продукти, и зголемувајќи ја продажбата.
„Визуелизацијата на продукти е на прагот на една нова ера. Постои јасен тренд во насока на тоа дека 3D и CGI (Computer-Generated Imagery) ќе доминираат во начинот на кој трговците и производителите се справуваат со визуелизацијата на производите“ вели Janus Jagd, CEO на Cylindo. „Во Cylindo градиме водечка платформа за визуелизација на продукти – нашето решение ја отстранува фрикцијата која трговците ја имаат при справување со креирање содржини, нивен менаџмент и дистрибуција – сведоци сме дека конверзијата кон успешни е-продажби расте во просек за околу 30% кога се користи нашата технологија.“
Растење на тимот во Битола
Компанијата моментално има 24 вработени во нивните канцаларии во Битола и има амбициозни планови за експанзија на тимот. „Нашата цел е да се состави најдобриот тим овде. Луѓето кои работат во Cylindo ќе имаат можност да го надградуваат своето знаење и да работат на креирање на светски продукти со кои ќе можат да се гордеат“, вели Александар Ташоски, Партнер и Извршен Директор. „Тоа што навистина не возбудува за Cylindo мисијата е дека сме продукт компанија – сите заедно работиме на долгорочна визија за продуктот кој ќе афектира милиони луѓе во следните децении.“
За Cylindo
Cylindo спојува повеќе декади искуство од 3D, гејминг и трговија со цел да ја направи визуелизацијата на продукти лесна за брендовите и трговците. Тимот аплицира висока технологија на back-end за да креираат едноставни и убави продукти на front-end. Нивната мисија е да им дадат на трговците и брендовите пристап до квалитетна содржина со само еден клик. Нема повеќе болки со визуелизацијата на продукти – Cylindo платформата ја автоматизира визуелизацијата на било кој продукт, од било кој агол и во било која варијација, и беспрекорно се интегрира со било која дигитална околина.
Меѓу главните советници на Cylindo се вбројуваат David Helgason, основач на Unity, Christian Hjort, CCO во Tradeshift и Eric Lagier, ex-Skype и сериски претприемач. За повеќе информации посетете ги на www.cylindo.com.Производителите и трговците постојано се во потрага на иновативни решенија за графичко претставување на своите конфигурации и продукти, з

Пронајдете не на следниве мрежи: