Од почетокот на следната недела стартуваат обуките за млади лица за изучување на англиски, германски и француски јазик. Првичните групи за обуки веќе се во фаза на формирање, а во следниот период лицата кои аплицираа ќе бидат известени за конкретната временска табела согласно која ќе треба да ги посетуваат обуките кои ќе се вршат од страна на специјализирани обучувачи.Обуките за млади лица до 29 години за изучување на странски јазици, но и за изучување на компјутерски вештини, се со цел подобрување на нивната стручна подготвеност, нивните стручни знаења и капацитети а со тоа и подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот.
Иако првите групи на апликанти ја започнуваат својата обука набрзо, огласите за бесплатно изучување на англискиот, германскиот и францускиот јазик и за изучуваењ на основните компјутерски вештини, се се уште отворени и на нив може да аплицираат сите заинтересирани млади лица кои имаат до 29 годишна возраст и се наоѓаат на евиденција на Агенцијата за вработување.
-Првите обуки за бесплатно изучување на англискиот, францускиот и германскиот јазик започнуваат од почетокот на следната недела. Тоа е доказ дека проектот е корисен, дека има ефект, но тоа е и мотив повеќе за сите останати лица кои досега немаат аплицирано да ја искористат оваа можност, да се пријават за бесплатно изучување на странските јазици и за бесплатно изучување на компјутерските вештини, со едноставно поднесување на пријава до Агенцијата за вработување. На тој начин, покрај тоа што ќе остварат заштеди на индивидуалните или, пак, семејните буџети, лицата ќе се стекнат и со дополнителни знаења или вештини коишто се потребни за засилување на нивната конкурентност на пазарот на трудот и обезбедување на поголеми шанси и можности за нивно понатамошно вработување, истакна портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев.
Младите лица се уште може да аплицираат и за изучување на основните компјутерски вештини и да се стекнат со знаења кои се потребни за понатамошно добивање на сертификат за компјутерски вештини кој е потребен за вработување во администрацијата.
Со огласите е предвидено да бидат опфатени 2000 млади лица до 29 години, односно 1000 млади лица кои ќе добијат обуки за основни компјутерски вештини и 1000 млади лица за обуки на странски јазици.
Право на користење на овие бесплатни обуки имаат младите лица до 29 годишна возраст кои се активни баратели на работа, со завршено минимум средно образование. Заинтересираните лица кои ќе достават апликации до АВРМ ќе може да изучуваат без никаков трошок еден од трите странски јазици, англиски, германски и француски, или пак да стекнат основни компјутерски вештини.
Процедурата за апликација е едноставна и се состои од поднесување на пријава до Агенцијата за вработување. За учењето на странските јазици апликантите може да одберат помеѓу три можности и нивоа на изучување, односно почетено, средно или напредно ниво, а нивото за кое сакаат да бидат обучувани треба да го наведат во пријавата која треба да ја поднесат до Агенцијата.
Потоа врз основа на пристигнатите апликации се формираат групи кои ќе бидат обучувани, водејќи сметка за местото на живеење на апликантите. Обуките ќе се изведуваат врз основа на план на обучувачите, веројатно по два или три часа неделно.
Младите лица кои ќе ги завршат обуките и ќе присуствуваат на најмалку 60% од предвидените часови ќе имаат можност да полагаат завршен испит и да добијат уверение за успешно совладана тематска единица.
Со овие две мерки насочени кон младите во сите региони во државата, покрај тоа што се подобрува нивната стручна подготвеност се создава и можност за финансиска заштеда за младите невработени лица, кои преку овие бесплатни обуки ќе остварат соодветна заштеда согласно пазарните цени кои се однесуваат за изучување на странските јазици и компјутерските вештини.Обуките за млади лица до 29 години за изучување на странски јазици, но и за изучување на компјутерски вештини, се со цел подобрување на нивната стр