Во новата фабрика на групацијата „Маркарт“ во Велес, само во следните неколку недели и месеци, ќе се отворат повеќе од сто работни места, а во следните пет години ќе се вработат над 500 лица. Процесот на вработување веќе започна и во сабота, 4 октомври 2014 година во Велес, ќе се одржи посебен „Ден за вработување“ на кој заинтересираните кандидати ќе можат да добијат повеќе информации за перспективите на германскиот снабдувач на автомобилски делови. Компанијата гледа на својата инвестиција како јасна посветеност на регионот и неговите жители. Фабриката во Велес е 11-тата фабрика во рамки на глобалната групација „Маркарт“.Во фабриката на „Маркарт“ во Велес ќе се произведува за реномирани германски и меѓународни европски автомобилски производители, како што се Mercedes-Benz, BMW, Volkswagen, Audi, како и за Peugeot, Citroen или Renault. Ќе се изградат погони за производство на пластика, електроника и монтажа. Групацијата е пионер во областа на интелигентни системи за кодирано палење и е единствена во моментов што нуди против-провален систем за безбедност, кој веќе се наоѓа во возила како што се Mercedes, BMW, Volkswagen, Audi и Chrysler и други познати брендови. „Маркарт“, исто така, се позиционираше на врвот во автомобилската технологија со новиот систем без клуч.
Главниот извршен директор на Маркарт Групација, д-р Харалд Маркарт, на денешната прес-конференција одржана во Скопје, испрати јасна порака: „Бараме квалификуван и обучен персонал, како и вработени за поедноставни работни места, кои сакаат заедно да го градат и развиваат нашиот објект во технолошки софистициран производствен погон. Убедени сме дека можеме да најдеме вакви луѓе во Македонија и дека заедно со нив можеме да отвориме ново поглавје во успешната приказна на нашата компанија која трае веќе речиси 90 години“. Од сите Македонци 42 проценти се на просечна возраст под 30 години и тоа ја прави земјата најмлада во Европа. Мотивацијата на овие млади луѓе е очигледна бидејќи девет од десет инженери студираат на англиски јазик. Дополнително, во моментов постојат голем број технички училишта во различни градови во Македонија. Речиси една третина од студентите во Македонија веќе одбрале технички насоки. Сето тоа е цврста основа од која може да се регрутираат мотивирани и квалификувани вработени.
Дел од лицата што ќе бидат регрутирани во фабриката на „Маркарт“ ќе започнат со својот професионален ангажман уште од 1 ноември 2014 година. Потоа ќе следат првите специјализирани обуки за производство, логистика и квалитет за изградба на новиот објект на „Маркарт“. „Согласно плановите во следните пет години, во „Маркарт“ во Велес ќе бидат ангажирани околу 500-600 лица“, потенцираше д-р Маркарт.
На „Денот на вработување“ што ќе се одржи на 4 октомври во Велес, со почеток во 10.00 часот, сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со „Маркарт“ групацијата и можностите што ги нуди, како и со внатрешната структура и работните места што се на располагање. Во рамките на „Денот на вработување“ ќе се одржат и интервјуа со кандидатите за слободните работни места во производство, логистика и квалитет, но и во административните оддели, како што се човечки ресурси, финансии, ИТ и продажба. Имајќи во предвид дека активностите на глобалната компанија „Маркарт“, која има над 7.500 вработени, не се доволно познати во Македонија, на „Денот за вработување“ сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со можностите што ги нуди компанијата.
Генералниот директор на фабриката на „Маркарт“ во Велес Волфганг Аихер работи во групацијата со децении и има богато меѓународно искуство. Тој е возбуден за новиот предизвик.
„Ќе го исполниме нашиот производствен погон од 14.000 квадратни метри со живот. Во наредните години, ќе инвестираме во образованието и перспективите на нашите луѓе и во нашите високо-технолошки производи. Повеќето работни места се директно или индиректно поврзани со производство. Секако, ни треба и компетентен персонал кој ќе може да ги поддржи во административните области. Со задоволство ги очекуваме сите заинтересирани лица кои ќе дојдат и ќе донесат кратки биографии на 4 октомври 2014 година во Велес. Инженери, квалификувани работници, почетници, но и необучени работници или моментално невработени кандидати се добредојдени “ вели Аихер.
Фабриката на „Маркарт“ во Велес треба да започне со работа во средината на следната година, а инвестицијата ќе изнесува околу 35 милиони евра. Маркарт Групацијата е водечки светски производител на електромеханички и електронски прекинувачи и прекинувачки системи за возила, електричен алат, домашни апарати и други индустриски апликации.
„Маркарт“ е традиционалната германска семејна компанија со седиште во Ритхајм – Ваилхајм во југозападна Германија, а во изминатите неколку години порасна на меѓународно ниво и ја зацврсти улогата на глобален лидер во иновации. Новата фабрика во Велес е дел од континуираната експанзија на „Маркарт“ во глобални рамки.Во фабриката на „Маркарт“ во Велес ќе се произведува за реномирани германски и меѓународни европски автомобилски производители, како шт