Статусните симболи некогаш и денес

Имотната состојба на луѓето и до ден денес е предмет на расудување и вреднување. За повечето луѓе се смета дека се добри само со тоа што поседуваат некоја викендичка, или пак некој скап моден додаток, или многу моќен автомобил. 
Едно истражување спроведено од Quidco на 2 000 испитаници дало резултати дека кај луѓето одредени работи се уште се сметаат за статусни симболи според кои се оценува вредноста на човекот.
Сепак, и статусните симболи се менуваат со годините. Така на пример, во последниве 30 години, дизајнерскиот рачен часовник ја замени машината за миење садови, а недвижнинте на атрактивни локации го заменија телевизорот со слика во боја.

 
Работите со кои луѓето се фалеле во 80тите денес се нешто највообичаено и се присутни во секое домаќинство. Денес најелитни статусни симболи се скапите автомобили, базените во домовие, па и дадилките за децата. Единствен непроменет статусен симбол е посетувањето на приватни училишта.
Да направиме една споредба на статусните симболи во 80тите и оние денес.
Статусни симболи во 80тите:
1.Телефон во автомобилот
2.Машина за миење садови
3.Приватно училиште за децата
4.Два автомобили
5.Летување во странство
6.Зимување
7.Пони коњче
8.Телевизор во боја
9.Дијамантски накит
10.Бежичен телефон
 
Статусни симболи денес:
1.Луксузен автомобил
2.Дизајнерски рачен часовник
3.Приватен базен
4.Лет од прва класа
5.Викендица или други недвижнини
6.Приватно тениско игралиште
7.Приватно училиште за децата
8.Куќа во странство
9.Дворски порти на далечинско управување
10.Дадилка
  
Едно истражување спроведено од Quidco на 2 000 испитаници дало резултати дека кај луѓето одредени работи се уште се

Пронајдете не на следниве мрежи: