Неверојатно е колку малите нешта прават голема разлика. Така што, ако некому пратите порака дали е за кафе после работа, веројатно ќе останете зачудени ако ви одговори: „Извини, но навистина не можам да останам сега.“Судејќи според ново истражување, никој на социјалните мрежи не сака кога ќе добие порака со точка на крај. Вистина е дека тоа е граматички исправно, но луѓето ќе помислат дека сте неискрени. Истражувањето било спроведено од страна на научници од Универзитетот во Бирмингем, а дошле до заклучок дека пораките со точка на крај се доживуваат како неискрени.
За да го докажат своето тврдење, биле испитани 126 адолесценти коишто меѓусебно си разменувале пораки и одговарале на случајно избрани прашања. Судејќи според одговорите на учесниците, пораките што завршувале со точка биле перципирани како неискрени, за разлика од оние кои немале точка на крај.
Истражувачите објаснуваат дека точката на крајот игра голема улога во комуникацијата преку интернет.
„На допишувањето преку социјалните мрежи недостига комуникацијата очи в очи. За време на говорот, луѓето многу лесно праќаат одредена информација со помош на фацијална експресија, тонот на гласот, паузата во говорот и слично. Сепак, за време на комуникацијата на интернет не можеме да се служиме со овие елементи, па од таа причина користиме емотикони, како и намерни граматички грешки“, објаснуваат научниците и додаваат: „Точката се користи за да можат корисниците да пренесат информации и емоции. Според тоа, луѓето се прилично вешти во комуникацијата со комплицирани и едноставни информации и не е изненадувачки кко пишувањето пораки се развива, но и како луѓето изнаоѓаат различни начини да пренесат ист вид информација во своите пораки“, објаснуваат научниците.Судејќи според ново истражување, никој на социјалните мрежи не сака кога ќе добие порака со точка на крај. Вистина е дека тоа е граматички исправно