Медот се смета за најголемиот подарок што ни го нуди природата. Тој се користи илијадници години за различни намени. Постои верување дека египетската принцеза Клеопатра била толку убава поради тоа што се бањала во мед и млеко. Медот содржи 80% шеќер и 20% железо, калциум, фосфор, Витамин Ц и Б и магнезиум. Поради овие елементи медот се користи како состојка во многу козметички призводи. Еве зошто и како да ја негувате косата со мед.
Медот ја омекнува косата
Медот е одличен кондиционер кој ја прави косата да биде мека и нежна. Ја подобрува фоликулата на косата и скалпот истовремено. Едноставно додадете една малечка лажичка мед во вашиот шампон и ќе ја подобрите вашата сува и оштетена коса за краток период. Откако ќе нанесете од шампонот со мед, ставте капа за туширање на главата и оставете ја 30 минути за поголем ефект.
Медот го спречува паѓањето на косата
Медот може да го спречи опаѓањето на косата поради тоа што содржи хидратант кои константно го навлажнува скалпот, а високото количество шеќер ја здржува влажноста.
Медот има антисептичко и антибактериско дејство
Антибактериското и антисептичкото дејство на медот го одржуваат скалпот чист. Исто така спречува појава на габични инфекции и првут.
Медот е совршен за сува коса
Честото изложување на сонце и загадениот воздух ја прават косата да биде безживотна и без сјај. Но благодарение на медот можете лесно и брзо да ја вратите нејзината убавина. Измешајте две супени лажици мед со две шолји топла вода, нанесете ја смесата на косата после шампонирање и исплакнете ја. Резултатите ќе ги забележите веднаш.Постои верување дека египетската принцеза Клеопатра била толку убава поради тоа што се бањала во мед и млеко. Медот содржи 80% шеќер и 20% железо,