„AbsorbPlate“ е најновиот изум на една агенција од Бангкок , и здравствениот одбор на Тајландската влада.
Се работи за чинија, што навидум изгледа обично, но заради генијалниот начин на кој што е изградена, може да ги апсорбира калориите.
Генијалноста на чинијата се состои од едноставниот дизајн, кој и овозможува да апсорбира барем 7ml маснотии, или во просек тоа се најмалку 30 калории.
Дизајнот на чинијата е како сунгер, што содржи 500 дупки во кои пропаѓаат мастите од храната.
Идејата за овој производ потекнува од напорите на Тајландската влада да го решат проблемот со дебелината.