Упорниот првут, од кој никако не можеме да се ослободиме, може да биде голем проблем кога е во прашање негата на косата. Важно е да се знае разликата меѓу првут и сува кожа на главата, бидејќи и двата случаи имаат исти „симптоми“.Сувата кожа на главата најчесто се појавува во екстремни услови, што значи лете или зиме, а состојбата може да се протегне ако не се третира правилно. Заради сувиот воздух, врелиот воздух од фенот, и климите, кожата на главата дехидрира, и сувата кожа отпаѓа, а се јавува и чувство на чешање на главата.
Кај првутот најчесто станува збор за масна кожа на главата, чија состојба може да се влоши со користењето на производи на коса и недоволното миење на главата потоа.
Како да се ослободите од првутот, а како од сувата кожа?
Во двата случаи е добро да се посети дерматолог за да ја припише најдобрата терапија.
Кога се работи за сува кожа, треба да се избегнува фен, и косата да се негува со благи и хидратантни производи.
Ако станува збор за првут, важно е да се избере добар шампон и да се биде доследен во користењето. Пилинзите за темето исто така се добра идеја, бидејќи помагаат да се отстранат насобраните маснотии и кожата повторно да диши.Сувата кожа на главата најчесто се појавува во екстремни услови, што значи лете или зиме, а состојбата може да се протегне ако не се третира правил