Благодарение на политиките на Владата на Република Македонија за привлекување на странски инвестиции веќе во зоните има околу 6.5 илјади вработувања во постоечките компании и околу 10.000 нови вработувања ќе има во текот на следните 12 месеци.Ова го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по денешната средба со тутунарите во Министерството за змјоделство, шумарство и водостопанство.
Тој истакна дека во изминатиот период во Македонија се креирани 119.000 нови работни места, и тоа, како што нагласи, во момент додека во сите други земји во Европа бројот на невработени се зголемуваше.
-Тоа покажува дека владините политики биле добри, односно биле вистински и помогнале преку ниските даноци, ослободувањето на компаниите од плаќање на данок на добивка, четирите антикризни пакети со кои што се обезбедија меѓу другото 350 милиони евра поволни креидити за малите и средни претпријатија, можноста да се водат активни политики за вработување со кои што преку самовработување и грантови се овозможи отворање на работни места, и секако високиот износ на капитални инвестици од буџетот со кои што се креираше работа за градежните компании, рече Ставрески.
На тој начин, нагласи Ставрески, се отвараат работни места не само во градежништвото туку и во други 25 индустриски гранки.
Извор: kurir.mkОва го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по денешната средба со тутунарите во Министерството за змјоделство, шумарство и