Ставрески: Намалувањето на невработенoста наш најголем успех

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за ТВ Нова зборуваше за актуелната економска состојба во државата и за мерките кои ги превземала Владата за да се постигнат тие резултати.Во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ, доминираше економијата. Економијата очигледно станува главен фокус на вашата партија и на оваа гарнитура. Невработеноста е на историски најниско ниво  24,6 проценти, или како што велите вие за 11 процентни поени е намалена во изминативе 10 години. Во исто време се намалуваат и даноците. Како стигнавте до оваа бројка?
Вчера ние го презентиравме отчетот бидејќи сметаме дека одговорноста и поднесувањето отчет е значајна работа во животот, било да е во семејството, како што децата ги прашуваме како го поминале денот и ни поднесуваат отчет така и ние политичарите и сите други треба да сфатиме дека пред граѓаните мора да се поднесе отчет за сработеното и тоа е една нова политичка култура што ВМРО-ДПМНЕ веќе 10 години ја практикува, што сме сработиле и како сме сработиле. Вие рековте дека економијата е во нашиот фокус и тоа е точно и така треба да биде зошто граѓаните тоа го бараат. Едноставно уште од првиот ден кога ни ја дадоа довербата тие укажаа што се најголемите проблеми. Најголемите проблеми се вработувањето и инвестициите она што може да го подобри нивниот живот, изградба на патишта, водоводи и канализации, се она што спаѓа во економскиот дел од програмата иако и останатите делови од програмата се битни, нормално здравство, образование, и се друго што е значајно за подобрување на животниот стандард. Намалувањето на невработеноста е нашиот најголем успех во делот на економијата и нешто можеби малкумина веруваа дека ќе се случи. Од 38 проценти колку што беше стапката на невработеност, денеска таа е симната на 24,6 проценти, значи едно големо, огромно намалување на невработеноста при што се креирани 150.000 работни места во овие 10 години. Тоа значи на 150.000 луѓе им се подобрил животот, им се сменила судбината, се чувствуваат поисполнети, се чувствуваат дека повеќе вредат, одат на работа, земаат плата, можат да си формираат семејство и да планираат во животот. Тие работни места се формирани во приватниот сектор главно, најмногу во трговијата, 37.000, во индустријата 26.000, 25-26.000 се формирани во транспортот, телекомуникациите и слично значи се креирани работни места кои се во домашното стопанство, домашната економија. Но, истовремено имаме креирано и по други основи работни места, па пример преку привлекувањето на странски инвестиции, речиси 16.000 работни места се креирани, преку активните политики за вработување на Агенцијата за вработување се креирани преку 40.000 работни места, од кои само преку проектот „Македонија вработува“ и преку проектот за млади 23.000 работни места и слично. Сето тоа се должи на добрите политики, на најниските даноци во светот, на 12. Место според  Дуинг бизнис во светот на  Република Македонија, на подобрената работа на Катастарот, Царината, Управата за јавни приходи, на евтините кредити што ги обезбедуваме и на високите капитални инвестиции од Буџетот.
Отворени се нови 150 илјади работни места. Проекцијата, вашите очекувања се невработеноста да се спушти и до 22 проценти. Вчера рековте дека ниските даноци помогнале многу на оваа бројка?
Точно. Нашите проекции, а веќе сега имаме и кредибилност, после толку години кога се виде дека навистина во најтешки услови, во европска криза во другите земји се зголемуваше невработенста, ние со овие политики што ги спомнав, успеавме да ја намалиме невработеноста. Кога во такви околности успеавме да креираме 150 илјади работни места,  сигурно дека имаме кредибилитет да зборуваме дека и понатака ќе ја намалуваме невработеноста и граѓаните ни веруваат бидејќи гледаат дека тоа се случува. Така да очекувам не само до 22 проценти туку уште пооптимистички сценарија во следната програма на ВМРО-ДПМНЕ да има во однос на натамошно намалување на невработеноста во Република Македонија, бидејќи да бидеме реални, се уште е висок бројот на луѓе во Република Македонија што чекаат за работа и нашата задача како политичари и носители на економската политика е да направиме се што можеме што повеќе луѓе да дојдат до работа. А за тоа една од основните политики е да се задржат ниските даноци. Македонија е земја која официјално веќе официјално има најниски даноци во светот и ние ќе продолжиме со таа политика.
Даноците остануваат ниски, тоа го потврди и Бизнис Инсајдер, дека Македонија е прва земја во светот со најниски даноци, во исто време секоја година од буџетот се одвојуваат повеќе средства за капитални инвестиции и проекти, дали е ова клучот за развој на економијата?
Точно така, значи ако ги намалите даноците, што се случува – на фирмите им оставате повеќе пари, за со тие пари фирмите да инвестираат во нови машини и опрема, во ново производство, а за тоа им се потребни повеќе работници. Така се отвораат работни места. Ние тоа го направивме во 2006 кога воведовме рамен данок со 10 проценти и на тој начин овозможивме годишно до 80 до 100 милиони евра да останат кај фирмите, преку таа мерка и преку уште една мерка, што ја воведовме во 2009 година, а тоа беше нераспределената добивка да не се оданочува. Значи добивката што се задржува или што се реинвестира во тој период од 2009 до 2015 година беше ослободена од оданочување, а после 1 јануари 2015 година, реинвестираната добивка се уште е ослободена од оданочување. Тоа се двете клучни мерки во даночната политика. Во буџетската политика пак, иако ги намаливме даноците, собравме повеќе пари во буџетот, бидејќи фирмите се мотивирани тие ниски даноци да ги плаќаат. Со тие пари што ги собравме во буџетот можевме да ги зголемиме капиталните инвестиции. Вкупно во овие 10 години 173 милијарди денари или приближно три милијарди евра е износот на капиталните инвестиции што од буџетот завршиле во инфраструктурни проекти. Тоа е огромна поддршка за домашното стопанство, пред се градежништвото, индустријата, за малото стопанство и слично и тоа даде поттик на растот што го остваривме во овој период. Три проценти е просечниот раст на економијата на Република Македонија во овие 10 години, во време кога имаше светска криза, европска криза и за споредба само, тоа е четврти најдобар резултат во Европа во овие 10 години, и за споредба во еврозоната во исто време кога ние имавме раст од три проценти, во еврозоната е остварен просечен раст од 0,5 проценти. Значи шест пати повисок раст имала економијата во Македонија во просек во однос на европските земји. Тоа покажува успешност на економските политики.
Три милијарди евра капитални инвестиции, од друга страна 50 поголеми „гринфилд“ странски инвестиции, во изминатите десетина години, велите дека странските инвестиции помогнаа врз целокупната слика, економија и за отворање на работни места, но и за зголемување на извозот.
Кога почнавме со политиката на привлекување на странски инвестиции, кога премиерот Груевски го формираше тимот за странски инвестиции, вклучи во Владата министри за странски инвестиции, формиравме агенција, промотори. Многумина не веруваа дека таа политика ќе биде успешна и имаше многу скептици. Поминаа години, исто кога светската и европската економска криза не беа најповолен период за привлекување инвестиции, но се покажа дека со упорност и добра бизнис клима, а 12-то место во светот и шесто во Европа, потврдува дека сме меѓу најдобрите земји според бизнис климата и дека може да се привлечат странски инвестиции и што е најзначајно тие инвестиции што доаѓаат во Македонија, се во производство, а не како во други земји во хотелиерство, во недвижности и слично. Главно се во производство и тоа во автомобилската индустрија, значи во индустрија што создава додадена вредност, креираа 16 илјади работни места , остварија извоз од милијарда и 500 милиони евра. Тоа е речиси 40 % од вкупниот извоз на Република Македонија и денес Македонија со гордост можеме да кажеме дека извезува производи кои што се вградуваат во најпознатите модели на автомобили во светот, кои што се користат во најпознатите марки на возила и производи кои и во наредните 5, 10, 15 години ќе бидат барани на пазарот. Значи имаме една јака база и таа база ќе се надоградува со новите инвестиции што се најавуваат и ќе ги има во следниот период.
Велите дека се грижите за добрите релации со бизнис заедницата, но во отчетот можевме да слушнеме дека внимавате и на обичните граѓани, на нивниот стандард, па оттука се и проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“, најавивте дека веќе се познати и двајцата корисници на субвенции токму за најновиот проект „Купи куќа за млади“.
Што е најважно за еден млад човек, прво да најде работа, а потоа да има сопствен дом. За работата зборувавме досега, за невработеноста и креирањето на работни места. Втората тема е како да им помогнеме на луѓето да стекнат сопствен дом, затоа ги креиравме овие проекти прво „Купи куќа, купи стан“, проект кој овозможи 820 лица во Република Македонија досега да стекнат сопствен дом, преку субвенциите што се обезбедени за тој проект, а исторемено овозможи да падне цената на становите, пример во Скопје пред тој проект просечната цена на становите беше 960 евра за метар квадратен, а сега е 860 евра за метар квадратен, бидејќи со проектот „Купи куќа, купи стан“ ја симнавме цената на становите, а паднаа и каматните стапки на банките и доделени се преку 30 милиони евра станбени кредити за овој проект. Меѓутоа  дополнително на тоа, сега имаме нов проект од јануари оваа година, тоа е проектот „Купи куќа за млади“ , што е наменет за луѓето што имаат до 35 години и кои што сакаат да дојдат до сопствена куќа или да надградат на постоечка куќа, или на нов плац да изградат куќа, за нив обезбедуваме два вида на поддршка. Првиот е во текот на 11 години субвенции кои што во првите 8 години изнесуваат 80 % од месечната рата на кредитот, а потоа 9-тата, 10-тата и 11-тата година, 50 % субвенција од страна на Владата. Пример, ако е кредитот 30 илјади евра, граѓанинот го зема тој кредит од банка, а ратата доаѓа 200 евра месечно. Од тие 200 евра, 160 евра првите осум години плаќа Владата , а само 40 евра граѓанинот. После тоа 9, 10 11-тата година, 100 евра плаќа Владата, а 100 евра граѓанинот, после 11-тата до 20-тата година додека  трае кредитот си го плаќа граѓанинот. Тоа е огромна поддршка во рок од 11 години. Вториот модел е ако граѓанинот нема сопствени пари за учество за да добие кредит, тогаш 100 отсто му даваме учество, ако земе 50 илјади евра кредит треба да има учество од 12.500 евра. Тие пари на почетокот му ги даваме како субвенција. И двата модели се исклучително атрактивни и јас би рекол дека се шанса што еднаш се дава во животот и сите што имаат до 35 години треба да ја зграпчат оваа шанса и да се информираат добро, а  канцелариите на Министерството за финансии низ целата земја се отворени за нив, како и караванот којшто во различни градови го објаснува овој проект и треба да си ги обезбедат условите да видат што треба да исполнат за да учествуваат во овој проект, да се информираат добро и да се храбри и одлучни бидејќи еднаш во животот им се дава ваква шанса. Ние сме ја немале, ниту пак нашите родители и другите, сега е оваа шанса и треба да ја искористат.
Се надевам дека овие апели ќе допрат до вистинските луѓе и на вистинското место и ќе се охрабрат да аплицираат за новите проекти.
Јас сум убеден бидејќи интересот навистина е огромен. Секаде каде што одиме огромен број на млади луѓе прашуваат се интересираат и како што кажавте, пред неколку дена веќе ги одобривме првите два кредити односно субвенциите за „Купи куќа за млади“. Имаме граѓани, млад човек од Кисела Вода, којшто ќе надградува над куќата и млад човек од Свети Николе, кој ќе гради нова куќа.
 Во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ, доминираше економијата. Економијата очигледно станува главен фокус на вашата партија и на оваа гарнитура. Неврабо

Пронајдете не на следниве мрежи: