Ставрески: „Следната година ќе се градат три големи автопати!“

Следната 2014 ќе биде година на изградба на патишта. Ќе се градат три големи автопати, истакна вчера пред жителите на Илинден вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.Ставрески рече дека во буџетот на јавното претпријатие за патишта за следната година има околу 160 милиони евра за изградба на автопати и изградба на магистрални локални и регионални патишта.
-Би сакал посебно да го потенцирам значењето на трите автопати. Следната година можеме слободно да ја окарактеризираме како година на изградба на патишта, ќе се градат три големи автопати. Едниот е од Миладиновци до Штип, патот кој се очекува да ја препороди источна Македонија, да ги направи многу поатрактивни и слободната економска зона во Штип и индустриските зони во околните градови, да овозможи полесен проток на патници од Источна Македонија кон главниот град и понатака кон Европа, рече Ставрески.
Министерот за финансии потенцираше дека вториот е во западниот дел од Македонија, Кичево-Охрид, исто така од витално значење за развој на потенцијалот за Охрид и на целиот регион.
– Третиот е интензивирање на градбата на коридорот 10 односно Демир Капија – Смоквица. 132 километри автопати ќе се градат следната година и тоа значи ангажман на домашни фирми, ангажман на изведувачи или подизведувачи од Македонија, ангажман на македонски работници и користење на македонски материјали во процесот на градба. Сето тоа ќе ја заживее и дополнително ќе ја раздвижи економијата и затоа очекуваме следната година економскиот раст да биде и повисок од овој што оваа година ќе го оствариме, рече Ставрески.
Тој нагласи дека во буџетот на АД Елем и АД Мепсо има стотици милиони евра предвидени за изградба на енергетски објекти. Следната година почнува изградбата на Бошков мост и Луково поле, далеководот кон Србија и неколку други крупни енергетски проекти.Ставрески рече дека во буџетот на јавното претпријатие за патишта за следната година има околу 160 милиони евра за изградба на автопати и изградба

Пронајдете не на следниве мрежи: