Огромен интерес за проектот „Купи куќа за млади“. Вчера на својот ФБ профил Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговараше на прашањата на граѓаните поврзани со проектот.Граѓаните заинтересирани за проектот, изложувајќи го секој својот случај, го прашуваа министерот Ставрески дали може да аплицираат за проектот.
Ставрески најави и дека од среда оваа недела Канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ ќе почне да ги прима граѓаните заинтересирани за проектот „Купи куќа за млади“.
Канцеларијата се наоѓа во Министерството за финансии и ќе прима граѓани секој работен ден до 15 часот.
Граѓаните заинтересирани за проектот, изложувајќи го секој својот случај, го прашуваа министерот Ставрески дали може да аплицираат за проектот.