Сте размислиле ли дека мобиниот е причина за вашата несоница?

Несоница, вртоглавица, главоболка, потешкотии во концентрација се само дел од практиката-спиење со мобилен телефон.Следниот пат кога не можете да заспиете и кога размислувате за листата за купување, утрешните состаноци, дали сте ја заклучиле вратата и слично, решението е едноставно-тргнете го мобилниот телефонот од спалната соба. Осум од десет корисници го земаат својот мобилен покрај себе во текот на ноќта, а половина од  нив го користат за аларм, покажало истражувањето меѓу испитаниците. Дали нашиот мобилен телефон има преголем ефект врз нашите животи ?

 
Стручњаците се загрижени за здравјето на луѓето, близината на мобилниот не прави супер сензитивни па е повеќе веројатно дека сонот ќе ни биде нарушен и нема да ни биде доволен. Сето тоа може да влијае за зголемување на несоница и за други проблеми со спиењето. Повеќе луѓе би спиеле подобро ако за време на спиењето во спалната соба нема мобилни и други електрични уреди, вели Гај Мидоу, специјалист за несоница од Лондон. Тој заради тоа го остава својот мобилен во кујната.
Освен несоница некои стручњаци тврдат дека оваа практика може да предизвика вртоглавица, главоболка, потешкотии во концентрација.
Главниот проблем со мобилните телефони, тврди д-р.Чарлс Числер од Харвард, е и нивното неприродно светло кои влијае на органите „лажејќи“ ги дека е ден. Светлото стимулира станици во мрежницата, дел од окото кој праќа пораки до мозокот.  Тие се чувствителни на светло и даваат информација на нашето тело дека е ден, објаснува Мидоу. Тоа пак го контролира хормонот кортизол и мелатонин-од кој се спие. За сите вештачки светла од сијалица до неонско светло, се смета дека го стопира хормонот мелатонин и тоа не држи будни, а светлото од мобилниот има уште појак ефект.
Сеуште ли мобилниот ви е под перница?
 Следниот пат кога не можете да заспиете и кога размислувате за листата за купување, утрешните состаноци, дали сте ја заклучиле вратата и слично, ре

Пронајдете не на следниве мрежи: