Дали некогаш сте се запрашале зошто вратата на фрижидерот е магнетизирана?Овој „изум“ потекнува од поодамнешни времиња, кога старите типови на фрижидери се отворале со помош на кваки, како на вратите. Меѓутоа тоа било многу незгодно за случаите кога некое немирно дете ќе реши да се обиде да влезе внатре, бидејќи таквите врати не можеле да се отворат од внатрешната страна. На сето тоа, гумата околу вратата им оневозможувала на луѓето кои би се затекнале внатре да повикаат помош.
До август 1956 година, бројот на деца кои се загушиле во фрижидер ги надминал сите прифатливи (ако воопшто ги има) критериуми, и донесена е одредба по која луѓето морале да ја извадат вратата од фрижидерот доколку истиот го фрлаат, а фрижидерот не смеел да биде фрлен на место каде децата може да дојдат до нив.
Во шеесетите години на минатиот век, како стандард се воведени магнетни врати, и со истражување е утврдено дека бројот на трагични случаи на гушење на деца во нив значително опаднал. Овој „изум“ потекнува од поодамнешни времиња, кога старите типови на фрижидери се отворале со помош на кваки, како на вратите. Меѓутоа



