СТЕ СЕ ЗАПРАШАЛЕ ЛИ: Зошто Фејсбук и Твитер се во сина боја?!

Сината боја е боја на природните елементи на небото и морето, која веќе традиционално за своите производи ја користи фармацевтската индустрија…Мрежите како Инстаграм, Фејсбук, Твитер, Линкедин на своите сајтови ја користат сината боја бидејќи таа асоцира на мир, опуштање и сигурност.
Како што наведува францускиот магазин „Slate“, сината боја е боја на природни елементи како небо и море и традиционално се користи во фармацевтската индустрија, информатичките компании, полицијата, така што на корисниците оваа боја треба да им влее доверба,сигурност и верност.
Една од причинте зошто Фејсбук има сина боја, како што наведува овој магазин, е поради тоа што основачот на оваа друштвена мрежа, Марк Цукенбег е далтонист, а сината боја е онаа која најдобро ја распознава.
Пребарувачот NCSA Мозаик ја користел сината боја затоа што таа била најтемната по црната и една од 16-те расположливи бои во тоа време.
Мрежите како Инстаграм, Фејсбук, Твитер, Линкедин на своите сајтови ја користат сината боја бидејќи таа асоцира на мир, опуштање и сигурност.

Пронајдете не на следниве мрежи: