Сте се запрашале ли зошто убавите девојки се секогаш СИНГЛ?

Слободните жени секогаш внимаваат да бидат беспрекорно средени и дотерани, но мажите веќе не паѓаат на шминка, фризура и облека, туку бараат внатрешна убавина.Истражувањата покажуваат дека сè повеќе осамени жени имаат и убавина, и стил, и кариера, но поради некоја причина не можат да привлечат партнер со кој ќе останат подолго во врска.Тоа е така затоа што мажите се презаситени од беспрекорно средени убавици кои секојдневно ги гледаат во магазините, на ТВ, на улица, па поради тоа почнале повеќе внимание да обрнуваат на скриената убавина, шармот и женственоста.Психолозите од Париз направиле испитување за да дознаат што е тоа кај жената што го освојува мажот, а испитаниците навеле многу особини, каде убавината се нашла на четвртото место, додека на фризурата и стилот на облекување речиси и да не се посветувало внимание. 

Девојките, напротив, биле убедени дека на мажите најважно им е како изгледа девојката, а веднаш потоа и каква е нејзината коса, облеката, парфемот и т.н.
Многу мажи се жалат дека жените станале одбивни и ладни, па брзо се откажуваат од идејата за да им пријдат. Кога тоа ќе го направат, често се покајуваат. Многу жени со говорот на телото јасно праќаат порака дека не им треба маж. 
Американските психотерапевти тврдат дека повеќето жени не се свесни за својот израз на лицето и впечатокот кој го оставаат на мажите. Посилниот пол не ја забележува нијансата на карминот, но го воочува муртењето и „киселиот“ израз на лицето. Таквиот израз е типичен за убавиците, дури и додека одат по улица беспрекорно дотерани. Тогаш не изгледаат женствено, туку воинствено.Повеќето мажи се плашат од одбивање, па ако жената ги гледа намуртено, сигурно нема никој да се осмели да ѝ пријде.Истражувањата покажуваат дека сè повеќе осамени жени имаат и убавина, и стил, и кариера, но поради некоја причина не можат да привлечат парт

Пронајдете не на следниве мрежи: