Најблиските доцна попладнево го испратија 21-годишниот Стефан Ѓуревски на лекување во Кина. По хуманоста на граѓаните и помошта од институциите ова момче со неговите родители заминува за Кина каде ќе подлежи на 28 дневен третман против тешката болест, прогресивна мускулна дистрофија.
Стефан полн со ентузијазам и позитивни мисли дека се ќе во ред им се заблагодари на сите хумани луѓе. Вели, подготвен е да му се исполни најголемата желба, да се врати жив и здрав дома.
-Добро се чувствувам и со Господ напред мислам дека ќе успееме. Сакам да им се заблагодарам на сите за помошта и морална и финансиска. Спремен сум да заминам и се надевам ќе се вратам здрав и жив, што е и мојата најголема желба. Ако има лек за мене ќе има лек и за другите, изјави пред полетувањето на скопскиот аеродром младиот борец.
На „Александар Велики“ Стефан го испрати на лекување и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој изрази надеж дека момчето ќе се врати здраво.
-Вечерва го испраќаме Стефан во Кина. Изминатиов период имаше низа активности од страна на иницијативниот одбор и од страна на претседателот на иницијативниот одбор. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои се вклучија во оваа хумана активност и му дадовме поддршка на Стефан. Се надевам дека ќе се врати во здрава состојба и сите кои изминатиов период му дадоа помош и поддршка ќе бидат среќни, а најмногу тој и неговото поблиско семејство, истакна Спасов.
Благодарност до сите кои помогнаа Стефан да замине на лекување упати и претседателот на иницијативниот одбор Александар Трајковски кој се надева дека Стефан од Кина ќе се врати со успешна операција.
Видео: Македонија24По хуманоста на граѓаните и помошта од институциите ова момче со неговите родители заминува за Кина каде ќе подлежи на 28 дневен третман против теш
Пронајдете не на следниве мрежи: