Откако „реформаторите“ од ВМРО-ДПМНЕ денес одржаа прес конференција аналитичарот Милан Стефаноски на својот фејсбук профил се обрати до Александар Михајловски. Објавата ви ја пренесуваме во целост.Александар Михајловски, според денешниов пресс, ти си добар политичар колку што си добар правник, а денес беше лошо, многу лошо.Алек Правна, алфа и омега за адвокатски услуги тешки илјадници евра на фирми кои блиску гравитираа околу ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи ја позицијата претседател на републичката правна комисија.Ти, со такво бреме најде да зборуваш за поим “корумпиран”?Ти, за кој таа метафора си прикладен?!Кога ти Алек ги почитуваше нормите кога застапуваше одредени клиенти?Кога ти Алек пред да излезеш со иницијативата за ” демократски реформи” во ВМРО – ДПМНЕ пред камери си доставил барање за средба со претседателот и неговото тесно раководство?Усно, писмено или , преку архива?Кога ти си доставил било какво барање усно или писмено до извршниот комитет и до неговите членови или до централниот комитет и неговите членови за било каков разговор, тема, идеја или сугестија пред да ја формираш “реформска” тајфа?Да имаше таков документ со датум и потпис, поднесено до архива на партијата( но, пред да позираш на СОРОС медиумите) ти одамна ќе мафташе со него.Како тоа корумпиран лидер ооооо ти “голем правнику”?Кога нема судска пресуда?! мм..?!Кога не е почнато судењето?Каде се доказите?Каде е пресумпцијата на невиност?Лош правник, ептен лош.Ама знам, во светот на Бејли, Заев и Катица многу луѓе ќе одат сургун без судска одлука.Секој ден се повеќе се разобличува вашата намера.И, повеќе нема смисла да се криете, не ни е пријатно.Вчера Џабир Дерала и УСАИД (читај Џес Бејли), денес СОРОС, утре вестите на Заеви.Не е хигиенски.
Александар Михајловски, според денешниов пресс, ти си добар политичар колку што си добар правник, а денес беше лошо, многу лошо.