Во контекст на пресудите за случајот „Диво Насеље“ и реакциите по пресудите од надвор и внатре. Нема соодветна реакција од стручната, владината, невладината и новинарската фела. – со овие зборови го почнува својот осврт кон случувањата од Диво Насеље, аналитичарот Милан Стефаноски.Во продолжение прочитајте го целиот осврт.
Има бледи памфлети и политички осврти на неколку поединци.Веќе десет години како пишувам за еден роминиран весник кој можеби е единствен во Македонија и обработува теми за безбедност, одбрана и геополитика.
Моите додипломски и постипломски студии беа на тема безбедносни политики.
Мислам дека имам личен дигнитет и професионален интегритет, но и информации да коментирам за едена од најголемите судири помеѓу терористичка група и припадници на безбедносни органи на европско тло.Одговорно тврдам дека настанот во 2015 година во Диво Насеље – Куманово е класичен терористички атак, и по форма, обем и цел.Тој атак во тој ден на тоа место и време преставуваше класична асимитрична закана по уставниот, правниот и општествениот поредок на Република Македонија.Угледно одбран и дефиниран тајминг и локација.
Идеме со ред.Терористите и нивните непосредни и посредни наредбодавачи прецизно ја одбираат целта.Тоа е државата, која беше длабоко вбраздена во политичка, економска, мигрантска криза.Политичка, безбедносна и парламентарна криза заради “бомбите” и протестите на шарената револуција.Секој терористички атак има јасно определена ЦЕЛ.Целта беше преку масовни терористички акции во Скопје (Камени Мост, маратонот, трговски центар), (касарната, општината, градоначалникот) Тетово и Гостивар, државниот апарат да крахира.На ниедна власт не и одговара вакво нарушување на безбедноста на државата, системот и индивидуалната безбедност и ТОЧКА.
Јасно е дека густината на населбата, утврдувањето во куќите, оружјето, логистиката и бројноста на групата е за битка за повеќе денови.Помеѓу терористите постои коресподенција, и ако се анализираат внимателно комуникациите, информациите од судските рочишта, целта има и политичка позадина, односно политички барања (права, територии, и сл) во тој период (2015)Зачудува фактот дека во Македонија ниедна партија нема етнички барања ниту политичката криза беше потикната од политичко – етнички контекст во тој период.ФОРМА И ОБЕМ,на тактичко ниво терористите се добро подготвени, нивната предходна биографија е фантастична со искуство за борба препознатлива за урбан (уличен) тероризам.
Оружјето е прилично ново и модерно, и повторно прилагодено за урбана борба.Тактиката исто така, поврзаноста на куќите, бункерите и нивната поставеност исто така што повторно говори за подготовка за долга борба. (повторно паѓа во вода тезата за ад хок решение на тогашната власт за свртување на вниманието од бомбите)Дотурот на оружје е прилично интересен, се прави дотур на оружје со службени ознаки на една државна институција.Мал осврт.Нападот на Гошинце е со прилично политичко барање за завземање на територија.МВР во средата или четвртокот добива информации за групата и има информации за нивни телефонски разговори и содржината.МВР има само два дена да се организира да спроведе акција на една од најгусто населени населби на Балканот имајќи ги во предвит можни цивилни жртви и секако кон една од најспособните и најискусни криминални групи на Балканот…МВР ја пресретнува информацијата дека Петокот вечер и Саботата сабајле дел од групата е на собир во Опае и Липково.Со првично помали полициски сили и полесно вооружени, МВР спрема заседа се со цел дел од групата да биде уапсена надвор од населбата каде би се избегнал посериозен судир.Овој план не се реализира бидејќи групата многу порано се враќа во Диво Насеље.
МВР мора веднаш да дејствува заради оперативните информации дека веќе во недела терористите ќе дејствуваат во неколку градови.И, тука да посочам дека тезата за лесно вооружена полициска група или глинени голуби се руши со самото тоа што на секаде во светот полицијата оди да апси, а не да ликвидира, и првичниот план за влез во куќите со брзо дејство ( познатата „змија“) како тактика без голема галама од оклопни транспортери и сл легитимно се спроведува.Од своите јатаци групата е информирана, брзо се подготвуваат и борбата почнува.Со други детали во овој период не сакам да информирам.Но, сакам да потенцирам дека со 10 загубени животи се спречи да се загубат 1000 животи.Бројот на загинати терористи е многу поголем од бројката од 20, но и за тоа во друга прилика.И, тука сакам да нотирам неколку факти.Специјалците на МВР со огромни напори водат битка повеќе од 48 часа нон стоп се со цел заштита на животите на граѓаните на КУманово, Скопје, Тетово и секако Македонија без разлика на нивните етнички и политички убедувања.Елиминирани беа автомобил бомба, наменет за скопскиот маратон во неделата, ден после настанот и неколку импровизирани експлозивни направи..На тој маратон сигурно требаше да трча и Џес Бејли.За ваша информација, по протоколите на европските специјални единици на полицијата, специјалец оперативно може да дејствува од 8 до 12 часа, и треба да биде заменет од друг свеж пспецијалец.Знаете ли дека лавовските срца на ЕСЗ одби замена (скотови едни) и војување цели 48 часа, за да бидеме денес безбедни, а НЕ денес некој да манипулира како (скот од човека) дека потребна е меѓунардона истрага.Да, потребна е и меѓунардона истрага и за атентатот на Киро, за предаството за името и знамето, за 2001, за Борис Трајковски, за Охридскиот договор и итн, тогаш може и за овој настан.
Знаете ли вие хушкачи дека во последниве 20..30 години на европско тло се нема случено ваков терористички атак?Знаете ли колку британските специјални единици, шпанските, француските, германските се имаат укакано од заложничкли драми во станови и зграда од припадниците на ИРА, ЕТА, ПЛО?Знаете ли колку се молеа и преговараа со нив.Ги имате ли читано нивните загуби и промашени сценарија.Се сеќавате ли на Минхен и ПЛО и израелската делегација?Ги знаете ли притисоците од странците на самиот ден на операцијата во Диво Насеље кон тогашниот државен врв за полицијата да се повлече?Срамна е изјавата за меѓународна истрага за овој настан, со таа изјава се мочате на гробовите на јунаците од Куманово 2015.
Каде се бомбите што Заев ги најави за Диво Насеље 2015 година?Настанот е во 2015, СЈО вели дека преслушуваните разговори траат до крајот на 2013 и почеток на 2014.Настанот е во 2015, СЈО вели дека преслушуваните разговори траат до крајот на 2013 и почеток на 2014. Или Заев очекуваше странците (амбасадата на САД дури и жалеше за цивилни жртви кои ги немаше) дека ќе му ги даде снимките од ТЕТРА системите и командниот центар на МВР.За тие снимки мислеше? Па не му ги дадоа бидејќи некој ќе испаднеше херој со реченицата `елиминирај`Доста е веќе со манипулации заради политички поени и додворување на албанскиот електорат.Доста се мочате на паднатите херои на МВР во Куманово.И, не мора да бидете стручен, видите ги реакциите ( закани, пеење на химни и извици УЧК..УЧК) на обвинетите и ќе ви стане јасно дали се невини или не.И, на крај.Со една работа се сложувам со еден од командатите на терористите во Диво Насеље кое си го пиша во своето писмо.Цитирам` не сум видел такви посветени специјалци како специјалците на МВР, а при тоа имаа големи загуби`И, тој командант – терорист е дел од нивниот крем,(според соседните разузнавачки служби), криминалци со тапија и активен на боиштата во Босна, Косово, Ирак и Сирија не видел такви специјалци..И, тука завршува приказната односно вистината за Диво Насељњ.Во спомен и чест кон ХЕРОИТЕ од Куманово.Правдата е задоволена,Да живее Македонија,4.11.2017,Милан Стефаноски
Има бледи памфлети и политички осврти на неколку поединци.Веќе десет години како пишувам за еден роминиран весник кој можеби е