Што би рекле постарите ѓаволот си доаѓа по своето или ослободен е духот од ламбата.И, претходно предупредив дека во пресрет на локалните избори власта почна отворено да флертува со подземјето. Прво со најавениот закон за амнестија, а потоа и ослободување на неколку видни криминалци, вели за ТВ Алфа аналитичарот Милан Стефаноски.Значи за глас повеќе на контото на одредена политичка партија, ние денес имаме сериозно нарушување на внатрешната безбедност на државата односно индивидуалната безбедност.Кога криминалот и криминалците ќе се обидеш да ги употребиш и злоупотребиш и ќе се обидеш да флертуваш со нив тогаш добиваш ваков исход.А, исходот е мафијашки ликвидации и крминални егзекуции.Криминалот е интелегентен феномен како појава и веднаш дејствува кога ќе почуствува дека државата е слаба со своите капацитети.Додека убиството на младото момче го толкувам како грозоморен и дрзок чин на криминалците.Елементите во самото убиство покажуваат дека криминалците не се плашат од никого.Да убиеш момче пред неговата зграда на неколку метри од кафе ресторан каде што има многу сведоци, да испукаш 5 куршуми во глава и да го оставиш оружјето на самото место преставува дрзок начин и стил на пркос.Се работи или за одмазда или за порака.Но, ме плаши дрскоста на извршителот.Се работи за ладнокрвен професионалец, но тоа е друга тема.Мене повеќе ме загрижува реакцијата односно отсуството на акција на МВР.Да потсетам дека криминалците го злоупотребија вакум периодот помеѓу формирањето на Владата, мудро ги следеа работите и дејствуваа, а тогаш настрада криминалниот бос Дилевер Бојку Леку, кој беше исто така свирепо ликвидиран и исто така пред многу луѓе со куршум во глава.И, секако дека сето ова е нус појава од предходната состојба кога се изгради атмосфера пред изборите дека престои општа амнестија на криминалотНа некој начин како криминалот да е повикан да делува и дејствува.Методите на влевање страв помеѓу граѓаните е во сериозна фаза и ќе видиме кон што води тоаЗначи за глас повеќе на контото на одредена политичка партија, ние денес имаме сериозно нарушување на внатрешната безбедност на државата односно ин
Пронајдете не на следниве мрежи: