Стефановиќ: Босна не успеа да создаде минимални услови за безбедноста на Вучиќ

„Врз српскиот премиер Александар Вучиќ беше извршен обид за атентат во Поточари“, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Тој посочи дека дел од одговорноста за инцидентот е на силите за безбедност на БиХ, пренесоа српските медиуми.- Тоа беше скандалозен напад и го гледам како обид за убиство, рече Стефановиќ. Тој додаде и дека Босна не успеа да создаде дури ни минимални услови за безбедноста на премиерот. 
Претходно, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ најостро го осуди нападот врз Вучиќ во Поточари и изјави дека тој напад не е само напад врз српскиот премиер, туку и против цела Србија и нејзината политика на мир и регионална соработка. 
Дачиќ истакна дека Вучиќ се покажал како државник, донесувајќи одлука да се поклони пред жртвите во Сребреница. 
– Тоа е уште една негативна последица од политизирањето на таа тема, која доведе до нови поделби и омраза наместо до помирување, рече Дачиќ.
Генералниот секретар на Советот на Европа Торнбјорн Јагланд, го осуди нападот на премиерот за време на комеморацијата, по повод 20 години од масакрот во Сребреница, а кон осудата се придружија и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и европратеничката Тања Фајон. 
Според претседателот на Република Српска Милорад Додик, нападот врз Вучиќ е напад врз српскиот народ и неговата добра волја за помирување меѓу народите.- Тоа беше скандалозен напад и го гледам како обид за убиство, рече Стефановиќ. Тој додаде и дека Босна не успеа да создаде дури ни минимални

Пронајдете не на следниве мрежи: