Заканите на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај за „одземање територија на Србија“ се став на сите претставници на Албанците во Косово и затоа на нив не треба да се гледа сама како на став на поединец, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. – Она што дополнително загрижува е недостигот на сериозна реакција на меѓународната заедница, пред се на ЕУ, рече Стефановиќ за „Блиц“, истакнувајќи дека очекува остри и јасни реакции на територијалните претензии и заканите на косовските Албанци.
Стефановиќ нагласи дека очекува да се препознае опасноста од дестабилизација на целиот регион во овие тенденции кон создавање „Голема Албанија“.
– Не е доволно да се каже дека тоа е само затоа што следат избори и дека тоа служи како реторика за добивање гласови, туку ова треба да го загрижи секој кој е добронамерен и кој сака стабилност во овој регион, додаде тој.
– Албанците знаат дека нема да можат да стапнат ниту милиметар на територијата на Србија, но постојаните закани кон српскиот народ на Косово и Метохија се загрижувачки, нагласи Стефановиќ.
– Нашата задача е да го заштитиме својот народ и своите национални интереси, како и нашите луѓе на Косово и Метохија, додаде тој.
Харединај, кој е лидер на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), вчера на предизборен собир во Подуево изјави дека Брисел очигледно не може да ги реши проблемите меѓу Приштина и Белград, а ако тоа не му успее ниту на Вашингтон, косовските Албанци ќе мора сами да ја одработат нивната работа.
– Брисел мора да реши и да каже дали може да ги заврши работите меѓу Косово и Србија, изјави Харадинај.
Тој, како што јави Танјуг, изјави дека е уверен оти Брисел не може да ги реши проблемите, па затоа побара „Вашингтон да се врати на Балканот“.
– Вашингтон е добар во завршување на работите меѓу Косово и Србија. Но, ако тие не дојдат да ни помогнат, тогаш едноставно не би требале повеќе да чекаме, туку сами да ги одработиме нашите работи. Немаме луксуз да чекаме уште многу време, порача Харадинај на миитнгот во пресрет на предвремените парчаментрани избори во Косово закажани за 11 јуни. – Она што дополнително загрижува е недостигот на сериозна реакција на меѓународната заедница, пред се на ЕУ, рече Стефановиќ за „Блиц&l