Македонија има силни сопствени капацитети и може самата да направи своја автентична безбедносна служба

Безбедносниот аналитичар Милан Стефаноски во вечерашната емисија „Отворено на Алфа“, предупредува, Македонија не учи од грешките во врска со чување на сопствената безбедност , и ако повторно Управата за безбедност и контраразузнавање потфрли, ние ќе ја изгубиме Македонија како држава.
– Во овие 25 години глобалните служби менуваа три модели. Ние не учиме од грешките, ако земеме анализа на УБК ќе стигнеме до таков заклучок, ни се случуваат многу ризици.Ние дури сега преземаме акции за реформирање, додека глобалните служби тоа го правеа уште во 2001 кога се случи терористичкиот напад на кулите – близначки. Има три модели, па треба да се дискутира дали имаме соодветен модел кој ќе биде ослободен од политички притисок.
Како што вели тој клучен е системот за контрола и надзор, но и координативното тело кое ќе ја има под свој кров целата разузнавашка заедница.
– Не е целата приказна само УБК, тука е и военото разузнавање, Агенцијата за разузнавање, сега и Оперативно техничката агенција (ОТА), вели Стефаноски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.