Италијанското претседател Џорџо Наполитано ја откажа вечерата со челникот на германските социјалдемократи Пеер Стејбрук откако кандидатот за германски канцелар ги нарече кловнови поранешниот премиер Силвио Берлускони и сатиричарот Бепе Грило чие Движење 5 ѕвезди е поединечниот победник на парламентарните избори а севкупно третопласираната политичка сила во Италија.Портпаролот на Пеер Стејнбрук изјавил дека лидерот на германските социјалдемократи ја сфатил пораката на италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, кој требаше да вечера со него во рамките на неговата официјална посета на Германија.Политичкиот противник на актуелната германска канцеларка Ангела Меркел на годинашните избори, Стејнбрук, инаку поранешен министер за финансии е позната како политичар „без влакна на јазикот“ во вторникот навечер изјави дека е згрозен од фактот дека на изборите во Италија добро минале двајца кловнови, јасно давајќи до знаење дека мисли на Грило и Берлускони. Самиот Берлускони е многу непопуларен во Германија и медиумите досега не го штедеа. Меѓутоа, сега се прашуваат дали Стејнбрук всушност себеси си направил мечешка услуга. Имено од политичарите во Германија се очекува сериозно да ги коментираат политичките и други случувања, како и да се воздржуваат од мешање во внатрешните работи на европските партнери.И на социјалните мрежи, исто тока, се појавија негативни коментари за изјавата на Стејбрук, за кого повеќето сметаат дека со тоа тој самиот се претставил како кловн.
МакфаксИталијанското претседател Џорџо Наполитано ја откажа вечерата со челникот на германските социјалдемократи Пеер Стејбру