Политиката на САД во Македонија е насочена кон поддршка на процесот на евро-атлантска интеграција на земјата и потребните реформи за остварување на таа цел. Тоа вклучува поддршка за демократски реформи, владеење на правото и целосно спроведување на договорот од Пржино, изјави в.д. портпаролот на американскиот Стејт департмент Марк Тонер. – Амбасадорот Бејли и неговиот тим работат во партнерство со македонските власти, исто како и со цивилното општество за унапредување на политиката и целите на САД. Стејт департментот има целосна доверба во нашата Амбасада и амбасадорот во Македонија, вели Тонер.
Како пријатели на Македонија, САД ги повикуваат сите партии да го почитуваат владеењето на правото, демократските процеси и меѓународните обврски на државата. Сакаме да видиме силна Македонија, на нејзиниот пат кон членство во евро-атлантското семејство, стои во изјавата на Тонер, објавена денеска од Американската амбасада во Скопје. – Амбасадорот Бејли и неговиот тим работат во партнерство со македонските власти, исто како и со цивилното општество за унапредување на политиката