Стејт департмент: Тилерсон нема да поднесе оставка

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон нема намера да поднесе оставка, соопшти Стејт департментот. Соопштението е објавено синоќа по информации дека Тилерсон би можел да се повлече поради несогласување со Белата куќа.Тоа не е точно. Разговаравме со државниот секретар и тој беше јасен: има намера да остане овде. Уште имаме многу работа, изјави портпаролката Хедер Науер.
Скратениот распоред на Тилерсон го нарече „мал одмор“ по бројните состаноци во Европа и Персискиот залив во јули.
Откако ја презеде функцијата во февруари, Тилерсон е критикуван поради тајност во работата и проектите за намалување на буџетот на Стејт департментот за 30 отсто. Таму работат повеќе од 70.000 луѓе.
Си-Ен-Ен објави изјава на неименуван извор дека Тилерсон, поранешен шеф на ЕксонМобајл, е „фрустриран од мешањето на Белата куќа во процесот на именување негови соработници“.Тоа не е точно. Разговаравме со државниот секретар и тој беше јасен: има намера да остане овде. Уште имаме многу работа, изјави портпаролката Хедер

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.