Стејт департментот со поддршка за американскиот амбасадор Бејли

Стејт Департментот ја поддржува работата на Амбасадорот Џес Бејли, по обвинувањата на група конгресмени и барањето одговори од американскиот амбасадор дали се мешал во внатрешната политика во Македонија и помагал во доделувањето пари и креирањето политика на фондацијата на Сорос.,,Амбасадорот Бејли и неговиот тим работат во партнерство со македонските власти како и со граѓанското општество за унапредување на американската политика и целите на САД. Стејт Департментот има потполна доверба во нашата амбасада и во Амбасадорот во Македонија’’, се вели во изјава на портпаролот на Стејт Департментот, Марк Тонер.
Тонер, додава дека американската политика во Македонија е да ја поддржи евро-атлантската интеграција на државата и потребните демократски реформи вклучително поддршка на владеењето на правото и целосно имплементирање на договорот од Пржино. Воедно силно се поттикнуваат сите страни да го почитуваат владеењето на правото, демократските процеси и меѓународните обврски на Македонија и сакаат да ја видат земјата како членка на евро-атлантското семејство.
Од друга страна конгресменот Кристофер Смит повторно упати низа прашања и обвинувања до Бејли и тоа во една од најслушаните радио емисии во САД ,,Поглед на Вашингтон’’. Тој обвини дека Сорос во соработка со американската Влада преку УСАИД финансирал левичарски организации како и поранешната комунистичка партија во Македонија, со цел да ја сруши конзервативната Влада. А, тоа што посебно го загрижува е што во следните 4 години, нови 9,5 милиони долари СОРОС наменил за таа цел.
,,Знаете, ние не би требало да заземаме страна. Ние обезбедуваме пари за образование или слични проекти, проекти за граѓанското општество и треба да градиме капацитети за отворени и слободни медиуми, како што мислиме дека треба да работат медиумите за слободни и фер избори. Наместо тоа, луѓето на Сорос, а за тоа и го прашавме Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли голем број многу значајни прашања за тоа дали се финансирани ултра-левичарски организации во Македонија, кои придонесуваат за менување на закони, но и промени за тоа кој да е избран (на избори). Тоа е невидено’’, изјави Смит.
Смит обвини дека со активностите на Амбасадорот и Сорос се прекршува принципот САД да не смее да промовира еден кандидат пред друг.
,,Едно е да се мониторираат изборите, што е благородна цел, да се обезбедат слободни и фер избори, а друга работа е да се поддржат индивидуи и партии кои Сорос и неговата банда сакаат да ги контролираат во таа земја’’, изјави Смит.
Во емисијата се споменати насилните протести во Македонија, а истите ги споредуваат тие во САД, по изборот на Трамп финансирани исто така од Сорос.
Извор: Сител,,Амбасадорот Бејли и неговиот тим работат во партнерство со македонските власти како и со граѓанското општество за унапредување на американската п

Пронајдете не на следниве мрежи: