Пратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието на која се одвива Интерпелацијата која што ја поднесе СДСМ за министерот за здравство Никола Тодоров ги спомена псоледните случувања за кои што пишуваат сите медиуми однсно дека додека министерот Тодоров се бори да ги подобри условите во македонското здравство, СДСМ се занимава со фалсификување на лични карти, бугарски пасоши и банкарски сметки.-Почитувана македонска јавност почитувани пратеници, додека министерот Тодоров и Владата на Република Македонија неуморно се борат да гхи подобрат условите во македонското здравство, нашата опозиција одоносно СДСМ има еден проект. Кутрите тие организирале наградна игра за нова година, пакет лична карта , пасош, возачка дозвола и сето тоа гратис. 30 000 такви пакети за македонските граѓани. Ете ваква е сериозноста на СДСМ, на борците за демократија и фер избори, рече пратеникот.
Стевананџија исто така посочи дека на СДСМ воопшто не им е до подобрување на условите во здравствениот систем туку единствената цел е профитерите од СДСМ да добиваат ситни политички поени на грбот на тешките човечки судбини.
-Од првите дискусии заклучив дека целта на денешната интерпелација не се ни условите, ни апаратите, ни современата медицина, ниту примената на странските искуства. Една е денеска целта на СДСМ. Целта е профитерите на СДСМ на грбот на тешките човечки судбини преку еден некрофилски пристап да дојдат до ситни политички поени, заклучи Стевананџија.-Почитувана македонска јавност почитувани пратеници, додека министерот Тодоров и Владата на Република Македонија неуморно се борат да гхи подобрат