-Еве како не треба да се воспитува младината. Еве како млади луѓе се заведуваат од лажни идоли. Колега Стефан наместо да имаш идол во некој добар македонски спортист, во некој добар македонски музичар, во некој одличен македонски научник, ти си го пронашол твојот идол во човекот кој што е два пати аболициран и се радуваш дека ја сквернавиш македоснката историја, дека ги уништуваш институциите кои што ти овозможиле да се школуваш, институциите кои што треба да ги воспитуваат граѓаните на Република Македонија, му се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија на својот млад колега од СДСМ Стефан Богоев.Стевананџија во продолжение му посочи на Богоев дека наместо да се занимава со замајување на јавноста и стварање на лажни идоли, доколку сака успешна кариера треба да се сконцентрира на на луѓе кои што се успешни и квалитетни.
-Претседателот на Република Македонија треба да биде гордост за сите. Од која и да е политичка партија. Како институција. А не млади луѓе од 20 години да го навредуваат. Сепак е човек кој што го избрале 560 илјади граѓани, и млади и стари и муслимани и христијани, буквално сите. Ја замајувате македонската јавност со слика каде што се собрале 500 луѓе. Замислете колкаво пано треба да има овдека да се претстават 560илјади луѓе. Кој е твојот идол? Човек кој што за прв пат во историјата е два пати аболициран. Не кажуваш кои се други аболицирани од Иванов. Не кажуваш дека и Заев е помеѓу аболицираните. Зошто ти не собереш храброст да побараш, човекот да побара аболиција за случајот Глобал? Порано паметам дека Црвенковски беше твој идол, сега е Заев. Уште еден совет, концентрирај се на оние кои што се успешни и квалитетни само така можеш да бидеш лидер на младината на СДСМ. Со вакви изблици на гнев со гордеење со шарената револуција која што ги сквернави македонската историја верувај нема да имаш успех, додаде Стевананџија во својата реплика кон Богоев.Стевананџија во продолжение му посочи на Богоев дека наместо да се занимава со замајување на јавноста и стварање на лажни идоли, доколку сака успеш