Стеванџија: Амандманите не се поднесуваат од плажите во Грција

Во Собранието на Република Македонија денес продолжи 111-тата седница каде пратениците веќе втор ден дебатираат по повод ребалансот на Буџетот за 2016 година.На говорот на пратеникот од СДСМ Ковачевски, своја реплика даде и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.
-Ова е втор дел од серијалот „Мизеријата и агонијата на СДСМ“. Колеги, посакувам да не сум ви во кожата. Денес се мачите, а до петокот уживавте. Колку ќе беше подобро да си останевте на плажите па таму наместо покемони, да ги бркате оние 500 илјади фантоми за кои што ве лажеше Зоран Заев и Радмила Шекеринска дека постојат во Република Македонија. Барем еден да најдевте. Колку поубаво ќе беше така. Платата си доаѓа, а уживањето продолжува. А што направивте вие, шесто лето по ред ни се скаравте, ни се налутивте и си отидовте на одмор од два месеци. Па сега некој друг ви е крив зошто амандманите за Битола не биле поднесени и овде изигравате душегрижници зошто Битола немала нов стадион или сала. Преку смс или вибер од плажите во Грција амандмани не се поднесуваат“, вака Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ ја започна својата реплика кон Ковачевски од СДСМ.
Стевананџија потоа се осврна и на обидот на пратениците од СДСМ да зборуваат и обвинуваат за многуте позитивни проекти и реформи кои што владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги направила во овие години.
-Еве сакам да опишам денес какво е вашето чувство. Легнуваш во петокот и знаеше дека за два дена треба да браниш нешто што не се брани. Треба да изиграваш човек кој што паднал од Марс и дошол на говорница и треба да тврди дека во Македонија редовно не се исплаќаат платите, дека пензионерите не земаат повисока и редовна пензија, да им глумите на земјоделците дека се обесправена категорија и дека порано земале 5 милиони евра субвенции,  а досега во време на ВМРО-ДПМНЕ земале вкупно 900 милиони евра. Треба да глумите нешто што навистина не сте! Сега бранејќи го Заев кој што е на плажите во Неа Мудања веќе 40 дена, треба овде да не убедувате дека навистина сте во право, заврши Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ.На говорот на пратеникот од СДСМ Ковачевски, своја реплика даде и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.
-Ова е втор де

Пронајдете не на следниве мрежи: