Почитуван колега Даскаловски, која е идеологијата на СДСМ и нејзините функционери кои што не го признаваат македонскиот народ, кои што секогаш го навредуваат македонскиот народ? Која е идеологијата на вашиот лидер Заев кој што не ја признава македонската историја и кој што ги сквернави македонските споменици?, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија на почетокот од својата реплика го запраша пратеникот од СДСМ Марјан Даскаловски.Стевананџија исто така ја потенцираше нелогичноста искажана од страна на пратеникот од СДСМ бидејќи како што рече тој, претседателот Иванов на последните избори добил огромна поддршка од граѓаните. Тој исто така посочи дека доколку пратеникот од СДСМ би имал принципиелен став, тогаш тој под итно треба да побара оставка од Зоран Заев поради снимките кои што целата македонска јавност ги виде за неговите криминални активности.
-Многу е неразумно ова што го кажувате. Барате оставка од претседателот Иванов кој што е поддржан од 560 илјади гласачи. Ако сте принципелен ќе побарате оставка и од вашиот лидер Зоран Заев. Од друга страна, велите дека снимките биле доказ за криминогените активности на некои функционери, ама вие заборавате дека видовте и снимки од Зоран Заев и чесно беше да побарате оставка од вашиот лидер. Дури тогаш ќе бевте поголем и во очите на струмичани и во очите на членовите на вашата партија, посочи Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Колега Даскаловски, сакам да ве прашам дали ја изучувате оваа деструктивна политика со која што функционерите на СДСМ се претставени како марионети на некои невладини организации. На луѓе кои што се безгласни букви се со цел да се реализира сценарио кое што не го поддржува ниту еден граѓанин во Република Македонија. Дали ги поддржувате нивните активности и дали тоа е дел од стратегијата и планот на СДСМ?“, праша Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ.Стевананџија исто така ја потенцираше нелогичноста искажана од страна на пратеникот од СДСМ бидејќи како што рече тој, претседателот Иванов на посл