Стимулациите за многудетно семејство ја менуваат демографската слика

Расте бројот на многудетни семејства. Финансиската подршка за трето дете – стимулација за брачните парови. Децата се богатсво, носат спокојство – вели брачниот пар Пауновски од Челопек, родители на три деца…Љубовта ја почнале во 2001-та кога воениот  конфликт  тлееше, за кратко ја крунисале со брак. Велат- преживеаните нешта не ги обесхрабриле, ги зближиле духовно. Четири години подоцна Славица и Здравко го добиваат најголемот богатство. Кристијан – нивната прва радост сега е  прваче. Вели среќен е што детските игри ги дели со Бојан – неговото братче. Кога дознавме  дека ќе имаме трето, почувствувавме благослов, вели неговата мајка. На свет дошол Петар.
Децата се богатство. Во Челопек имаме три машки деца- бисери и сум бескрајно горд, вели кумот на Здравко и Славица. Додатокот за трето дете им е од голема помош – признава таткото Здравко. 
Стимулациите за многудетно семејството успеаа да ја сменат демографската слика во земјава. Мерките се покажаа делотворни. Статистиките покажаа,  запре падот на наталитетот во последните неколку години.
Извор: мртЉубовта ја почнале во 2001-та кога воениот  конфликт  тлееше, за кратко ја крунисале со брак. Велат- преживеаните нешта не ги обесхрабрил

Пронајдете не на следниве мрежи: