На претстојниот концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, легендата на светската рок сцена STING ќе настапи со своите долгогодишни соработници, гитаристите Dominic Miller и Rufus Miller, тапанарот Josh Freese, а негов специјален гостин ќе биде неговиот син, Joe Sumner.Joe Sumner е син на STING (Gordon Sumner) од врската со ирската актерка Frances Tomelty. Со музика почнува да се занимава уште во тинејџерските години, свирејќи на гитара и тапани, инспириран од албумот на Nirvana „Nevermind“.
По само неколку години тој го формирал бендот „Fiction Plane“, заедно со басистот Dan Brown и гитаристот Seton Daunt.
Покрај работата со овој бенд кој зад себе има шест студиски албуми, Joe Sumner во последниве пет години интензивно работи и на својата соло кариера, како и на својата мобилна апликација Vyclone. Позади себе има различно музичко искуство- од турнеи со музичарите кои тој ги нарекува своја фамилија (The Police, Sting), до соработки со разни музички изведувачи.
Својот прв деби сингл насловен „Jellybean“ го објави во почетокот на оваа година.
Изминатиот викенд STING настапи во Софија и во Белград, пред вкупно 30 илјади публика, со песни од новиот албум кој е насловен по името на турнејата „57th & 9th“, но и со легендарните песни кои ја одбележаа неговата кариера од времето на групата The Police, како и од неговата соло кариера.
Концертот на STING во Скопје кој со нетрпение го очекува македонската публика ќе се одржи на 15-ти октомври и е целосно распродаден уште од првиот продажен ден, и тоа за рекордно време, односно за нецели десет часа откако билетите беа официјално пуштени во продажба.
Авалон ПродукцијаJoe Sumner е син на STING (Gordon Sumner) од врската со ирската актерка Frances Tomelty. Со музика почнува да се занимава уште во тинејџе