Штип е втор град по бројот на слободни работни места информираше денеска директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски на Инфо денот за невработени лица и работодавачите. Во моментов фирмите во Штип имаат потреба од вработување на 420 лица.Поповски истакна дека денеска пред невработените лица презентирани се и електронските услуги, а на кои во иднина како Агенција за вработување ќе се базираат на овој систем, кој е достапен на секој граѓанин од неговиот дом.
– Денеска во Штип презентиравме дека како град е втор во Република Македонија по објавени слободни работни места. Така да граѓаните на Штип и околината на Штип ќе можат да ги погледнат овие работни места на нашиот веб-портал и огласите да ги побараат и да го добијат на сопствениот профил без да бараат каде ќе можат да аплицираат. Инаку работните места кои се објавуваат се од продавачи, келнери, шивачи од инжиењери, од истражувачи, буквално сето она што во Република Македонија има потреба и самите плати се движат од минималната плата па до плати кои изнесуваат до 170.000 или 180.000 денари, во зависност од каков тип на работник се бара, вели Поповски.
Раководителот на Центарот за вработување, Лазе Димчов вели дека во моментов имаат евидентирано 2.100 акивни баратели за вработување, а работодавачите бараат пак лица со средно стручно образование.
– Ние имаме одлична соработка со работдавачите од Штип и им излегуваме во пресрет да им најдеме соодветен кадар. Но, во последно време имаме мал проблем со недостаток на општи работници. Значи работници со пониско образование, што ги бара стопанството. Во Штип се отворија многу слободни работни места и странски инвестиции со огромен број работни места. Ние веќе ги исцрпуваме можностите од наоѓање кадар, кој го бара самото стопанство. Во иднина ќе гледаме да обезбедиме од соседните општини, пред се од Свети Николе, Радовиш и Пробиштип, а и го правиме тоа веќе подолг временски период, а компаниите организираат сопствен превоз да ги донесат работниците во Штип, вели Димчов.
Според анализите на Центарот за работување во Штип бројот на вработени лица е зголемен во однос од пред десет години. Во 2005 година имало 17.000 вработени лица, а оваа година бројката на вработени лица е 24.500 лица.
Поповски информира дека неделава се објавени и огласите за кредитирање за самоврабтување на невработени лица или за компаниите кои што имаат потреба да вработат најмалку три лица. Невработените и работодавачите кои од Нова година до сега чекаа да се објават овие огласи сега ќе можат во наредните 10 дена да аплицираат.Поповски истакна дека денеска пред невработените лица презентирани се и електронските услуги, а на кои во иднина како Агенција за вработување ќе се