За учебната 2016/2017 година Министерството за образование и наука ќе додели 670 стипендии за средношколци Роми и 130 стипендии за нивни ментори-професори од средните училишта кои ќе им помагаат на стипендистите. Конкурсот е објавен денеска и ќе трае до 17 октомври.Ова денеска го најави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој беше во посета на училиштето Шаип Јусуф во Шуто Оризари кое беше изградено минатата година.
Ристовски посочи дека проектот за стипендирање на средношколци Роми , менторство и туторство е доста успешен проект кој што на дело ја покажува поддршката на Владата кон учениците Роми и ромската заедница.
Тој информираше дека досега преку овој проект биле доделени околу 4000 средношколски стипендии за Роми и 900 Роми биле избрани за ментори
-Апелирам до сите заинтересирани ученици да аплицираат за остварување на правото за стипендија која што ќе трае во период од 9 месеци, рече Ристовски.
Стипендиите се во пет категории од кои зависи и нивниот износ од 1.000 до 2.200 денари месечно. Учениците со највисок просек ќе добиваат и највисока сума.
Директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Реџеп Али Чупи истакна дека минатата учебна година проектот за стипендирање на средношколци бил 99,48 % успешен.
-За учебната 2015/2016 година од вкупно 582 стипендисти што ги имавме поддржано 579 ученици, односно 99,48 % успешно ја завршија годината. Имавме само 3 ученици кои се откажаа од воспитно образовниот систем што е одличен резултат. Вкупниот просек на овие 582 стипендисти на почетокот на учебната 2015/2016 година беше 3,40 , а на крајот на учебната 2015/2016 истиот е зголемен на 3,74 што говори дека мерката менторство и туторство што ја имаме како дополнителна активност дава резултати, рече Чупи.
Според податоците на Управата, минатата година тригодишно средно образование завршиле 35 ученици, а четиригодишно 121 средношколец – од кои 41 матурант или 34 проценти продолжиле со високо образование и се запишале на факултет.
Поради одличните резултати на овој проект, посочи Чупи, МОН оваа година со измените и дополнувањата на Законот за ученички стандард го внесе доделувањето стипендии за средношколците Роми. Со тоа, како што рече, од проект тој прераснал во јавна политика целосно финансирана од буџетот на МОН, иако долгогодишниот партнер – Ромскиот образовен проект е се уште дел од оваа иницијатива – во делот на менторството како дополнителна поддршка.
Во оваа пригода заменик-министерот Ристовски искажа задоволство од зголемениот број на ученици запишани во средното училиште во Шуто Оризари. Тој е речиси трипати зголемен од лани кога училиштето почна да работи, односно 80-ина во 2015/2016 и околу 200 ученици запишани во учебната 2016/2017 година.
– Овие бројки ја потврдуваат одлуката на Владата и Министерството за образование и наука да се отвори ова училиште. Верувам дека во следните години уште повеќе ќе се зголемува бројот на ученици кои ќе бидат дел од ова државно средно училиште, затоа што нашата основна цел беше да го доближиме образованието не само преку набавка на книги, туку и преку обезбедување соодветни услови за настава. За изградбата на овој капитален објект Министерството издвои 1,5 милиони евра, истакна Ристовски.Ова денеска го најави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој беше во посета на училиштето Шаип Јусуф во Шуто Оризари кое беш