Секој ученик кој ќе освои прва, втора или трета награда на меѓународна научна оломпијада ќе добие финансиска поддршка од државата во период од една година, информира денеска лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски.Одговарајќи на новинарски прашања по официјалниот почеток со работа на германската компанија Костал, Груевски појасни дека парична награда ќе добие и наставникот кој го водел по предметот по кој се натпреварувал.
– За освоено прво место се доделуваат 12 илјади денари месечно во период од една година, за второ место десет илјади и за трето место осум илјади денари за ученикот што ја освоил наградата и за неговиот наставник што го подготвувал, работел со него и е од предметот што му го предавал. Има поттик и за учениците и за наставниците и тоа не мал, туку поттик од цела година што е доволен период да се подговувува за наредната олимпијада, па ако повторно освојат награда ќе можат да продолжат да ги добиваат средствата и понатаму, изјави Груевски.
Овој проект, појасни тој, е еден од 40-те што беа ветени за младите оваа пролет и требаше да бидат дел од предизборната програма на ВМРО – ДПМНЕ, но, како што нагласи, дел од нив веќе се реализираат иако беа најавени за после изборите, а некои се во фаза на подготовка.
– Сите работи што требаше да се завршат во врска со овој проект се завршени и Министерството за образование и наука минатата недела објави конкурс, кој ќе трае до 2017 година и ќе може да се пријават сите што освоиле награди во овој период на една од 13-те меѓународно признаени олимпијади, истакна Груевски.Одговарајќи на новинарски прашања по официјалниот почеток со работа на германската компанија Костал, Груевски појасни дека парична награда ќе добие